7 клучни причини поради кои колегите на работа не ве сакаат

Навистина е тешко да ги освоите симпатиите на сите на работното место.

7-klucni-pricini-poradi-koi-kolegite-na-rabota-ne-ve-sakaat-01.jpg

И да, на работа одиме за да работиме, не за да бидеме сакани, но сепак не е лошо доколку чувствувате наклонетост од страна на колегиумот и уживате во опуштена пријатна работна атмосфера.

Па сепак, до вас допираат чудни вибрации, како колегите ве одбегнуваат, не ве викаат на дружба после работа или одбиваат да појадуваат заедно со вас.

Еве ги 7-те клучни причини зошто можеби колегите на работа чувствуваат одбивност кон вас:

1. Зборувате премногу

Јас, јас, јас. Дали во текот на разговорот целиот фокус го вртите кон вас и не му давате на соговорникот да дојде до збор?

Треба да сте добар слушател, за да бидете и добар колега.

2. Озборувате, „кенкате“, се жалите

Дежурен „мрчатор“ кој не престанува да се жали и ужива да прераскажува сочни трач-вести.

Чудно ви е зошто одеднаш сите престанаа да ве прашуваат дали сте добро и што правите погрешно?

За почеток престанете да озборувате и внесете малку светлина и позитивна енергија во целата таа негативна драма – никој не сака колеги што постојано се жалат.

3. Секогаш доцните

На работа, на роденден, на прослава, вие сте како човек кој не слушнал за будилник или часовник.

Постојано сте „во фрка“, ненаспани и имате некоја нова драма. Никој не е должен да ве чека вас.

Нема да заслужите ничие внимание со константното доцнење и непочитување кон другите.

4. Нетрпеливи и непредвидливи

Една минута се смеете, а веќе следната започнувате кавга со колегата до вас на одредена тема. Колегите никогаш не знаат што може да очекуваат од вас, па затоа им е тешко да се потпрат на вашата помош.

Трпението ви е слаба страна, бидејќи избувнувате со илјада емоции. Најдете начин да се самоконтролирате, дури и во ситуациите кога сте најмногу под притисок.

5. Злобни сте

Мислите дека имате добра смисла за хумор, постојано смислувате шеги и досетки на туѓа сметка и им оставате злобни коментари на Фејсбук на колегите. Немојте да се чудите ако не ја добиете наградата „Најомилен колега“.

6. Одбивате да се извините

„Извини“ е најтешкиот збор за кажување, а тоа е очигледно песната на вашиот живот. Не ги признавате своите грешки, постојано ја префрлате вината на некој друг и скоро никогаш не се извинувате.

Никој не почитува луѓе со вакво однесување.

7. Не сте доверливи

За вас важи правилото дека не знаете да чувате тајни. Ниту приватни, ниту оние врзани за работата.

Секоја мала тајна ја чувате како предност која ја користите како џокер во одреден момент, за да испливате побрзо од останатите, за сметка на личниот успех.

Добро е да сакате да бидете успешни, но никој не ги сака луѓето што се подготвени да газат врз другите, за да дојдат до целта која ја замислиле.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg