Најголемата грешка која ја правите после стресен работен ден

После  работниот ден исполнет со стрес, сè што сакаме да направиме е да ги соблечеме чевлите да седнеме на каучот со чаша вино.

najgolemata-greshka-koja-ja-pravite-posle-stresen-raboten-den-01.jpg

Колку повеќе часови сме работеле напорно со полна работна сила, толку повеќе сакате да избегаме од вежбањето.

Но, тоа е најлошата работа која можете да ја направите после цел ден седење во канцеларија.

Пилатесот, пешачењето, обичните вежби за растегнување, општо било какво размрдување е најдобар лек за ослободување од стресот.

Како што е истакнато во списанието „Science of Us“, истражувачите од Универзитетот во Базел, откриле интересна врска меѓу степенот на стрес и вежбањето.

„Луѓето кои се под стрес имаат тенденција да ги избегнуваат вежбите“ - тврдат научниците.

А, тоа е совршен темел за здравствени проблеми како висок крвен притисок и висок холестерол.

Позитивните страни на вежбањето се повеќе од очигледни. Без разлика на тоа колку сте се умориле на работа, најдобро е да заминете во теретана и дополнително да ги активирате мускулите.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg