3 вредни лекции кои ќе ги научите од извонредниот директор

Добрите директори се како игла во сено. Штом еднаш ќе се најдете во нивно опкружување, обидете се да се задржите што е можно подолго, бидејќи ќе научите вредни лекции за цел живот кои не се купуваат со пари.

3-vredni-lekcii-koi-ke-gi-naicite-od-izvonreden-direktor-01.jpg

Добриот шеф воедно се препознава не само по професионалното искуство, туку и по дозата емпатија и емоционалната интелигенција. Тој е пред сè човек, кој разбира како е да се биде родител, како изгледа периодот кога се соочувате со болест или приватни проблеми.

Тој е добар говорник, но и подеднакво добар слушател. Звучи совршено, нели?

Еве кои 3 лекции ќе ги научите од извонредниот лидер на работа:

Добро запознајте ги вработените/колегите

Еве една неверојатна, но многу вистинита приказна: Малата фабрика за производство на чевли брои 125 работници и директорот ги знае имињата на сите вработени. И не само тоа, тој знае минимум 3 факти за секој вработен – каде живее, дали е женет/мажен или колку деца има.

Секое утро, тој срдечно му се обраќа на секој од нив кој ќе му го попречи патот, а кога разговара со нив се интересира дали се добро и како е нивното семејство.

Тоа е одлика на големите луѓе. Работникот сака да се почувствува како човек, а не како обичен предмет, а добриот директор го знае тоа. Тој се води по правилото: Цени ги работниците, за да тие те ценат тебе.

Едноставно е – колегите се вашето богатство. Колку подобро ги запознавате, толку вашата мрежа на контакти се проширува, а помошта на работа се зголемува.

Неспособност да го запаметите името на новиот колега или мнозинството од вработените во фирмата отсликува непосветеност и непочитување.

Внимателно слушајте ги идеите на другите луѓе

Тимската игра е особено важна на работа, а добриот директор го знае тоа. Тој е свесен дека е никој и ништо без својот тим од лојални вработени.

Без разлика дали идејата доаѓа од работник кој има долгогодишно искуство или од некој кој е вработен само 2 месеци во компанијата, тој ги слуша туѓите идеи со еднакво внимание и почит кон соговорникот.

Добро е да се истакнете себеси, но особено важно е да им дадете простор и на колегите, бидејќи ваквата особина е доблест.

Правењето грешки е човечки и треба да се прости

И директорот е човек, а како и сите луѓе и тој прави грешки. Но, добриот лидер брзо поминува преку нив и ја санира штетата. Тој не се полни со гнев и горчина и не се насладува на туѓиот неуспех.

Грешките се нормален дел од работата, а добриот директор нема да ве навредува или деградира поради нив. Напротив, тој ќе ја воочи, ќе ви ја предочи и ќе ви даде совет како во иднина да ја избегнете лошата одлука.

Па, извлечете го најдоброто од оваа лекција. Големината на еден човек е во способноста да прости, но и да заборави, наместо да ја истакнува направената грешка секогаш кога ќе се јави можност за тоа.

Кој би сакал директор или колега кој секој состанок го завршува со предупредувањето: „И немојте да направите иста грешка како Горан пред 7 месеци!“

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg