Зошто жените треба да спијат повеќе од мажите?

Сакате да бидете супер жена на модерното време? Супер, но треба да сте свесни дека вашите амбиции и реалноста се две сосема поинакви нешта.

zoshto-zenite-treba-da-spijat-poveke-od-mazite-1.jpg

Сакате да изгледате како модел на Victoria's Secret, а да го имате духот на Малала? Вистинското прашање е како да го постигнете сето тоа. Ние ќе ви помогнеме, но потребно е да жртвувате нешто.

Жените најчесто го жртвуваат својот сон, поконкретно - во модерно време жените имаат двапати повеќе проблеми со спиењето во однос на мажите.

Факт е дека жените имаат поголема потреба за сон од мажите. Едно истражување докажало дека женскиот мозок е поискористен од машкиот, а колку повеќе ја користиме моќта на умот, толку повеќе ни е потребен одмор.

Друго истражување пак, покажало дека недостатокот на сон, влијаел понегативно на жените, отколку на мажите.

Во својата книга „Sleep revolution“, Аријана Хафингтон ја објаснува иронијата дека колку повеќе часови поминуваш на работа, работејќи прекувремено, толку си помалку продуктивен. Мерено во долари, оваа загуба на продуктивност по вработен на годишно ниво, изнесува 2.800 $.

Заклучок: На крајот на краиштата сите треба да го преспиеме нашиот пат до врвот!  

За да останете супер жена во вистинска смисла на зборот, потребно е да ја задржите и својата свежина. Иако постојат голем број на третмани кои можат да ве разубават, само малку од нив можат да се споредат со добриот сон.

Запомнете, спиењето е еден од најдобрите производи за разубавување. Еден од најинтересните факти поврзани со жените и спиењето е тоа дека колку е жената поодморена, толку е посексуално расположена.

Според едно истражување на универзитетот во Мичиген, било докажано дека зголемувањето на часовите на спиење во текот на ноќта, ја зголемиле сексуалната желба кај испитаничките за 14%.

Заклучок: Доколку сакате да го вратите партнерот во креветот, прво убаво наспијте се!

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg