Зошто е важно да имате најдобар пријател на работното место?

Работниот ден генерално трае 8 часа и признавале или не, една третина од денот го поминувате на работа. Круцијално е да се чувствувате колку што е можно попријатно за денот да помине побезболно и со помалку стресови и нервози.

Zosto-e-vazno-da-imate-najdobar-prijatel-na-rabotnoto-mesto-01.jpg

Тоа е можно доколку на работа владее пријатна работна атмосфера, имате добар шеф и најважното – имате пријател на кого може да се потпрете.

Еве зошто е особено важно да имате барем еден најдобар пријател на работното место:

Тие се клучот за среќа

Истражувањето спроведено во 2014 година од страна на мрежата „LinkedIn“ покажало дека 46% од професионалците ширум светот се цврсто убедени дека да се има најдобар пријател покрај себе на работа е важно за личното ниво на среќа и задоволство.

Помислата дека таму на работа не е сé така црно и имате барем една личност на која може да се потпрете, да се доверите или да побарате помош делува смирувачки и позитивно. Тоа едноставно ве мотивира да станете од креветот и да се подготвите за работа,  колку и да звучи смешно.

Да се има пријателско лице на работа е секогаш добра околност.

Ве прават попродуктивни

Нема ништо подобро од мал неформален пријателски натпревар на работното место. Секако, без претерување, но кога се угледувате на пријателот на работа и тој на вас, неминовно сте повредни, попродуктивни и постигнувате поголем успех.

Да се има пријател на работното место значи да се има сојузник во голем број проекти и задачи. Секогаш може да сметате на некого и тој на вас, а тоа чувство е бесценето. Воедно, добро е кога „ќе згусне“ да знаете дека некој може да ве покрие при каков и да било проблем. Вие секако треба да знаете да го цените тоа и да возвратите на услугата кога ќе биде потребно.

Ја проширувате мрежата на професионални контакти

Во идеален случај најдобро е кога имате прилично многу пријателства на работа. Замислете дека секој од нив има барем 3 солидни контакти надвор од работното место, што значи дека вие за 3 пријатели имате веќе 9 професионални контакти кои ќе ви излезат во пресрет при градењето на вашата кариера.

Вистината е дека пријателствата на работа се инвестиција во која вреди да се вложува, бидејќи се исплаќаат повеќекратно.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg