Изрази кои самоуверените личности не ги употребуваат

Започнувајќи од начинот на облекување, накитот, па сè до фразите кои ги употребуваме, како и говорот на телото - сите овие работи покажуваат колкаво е нашето ниво на самодоверба.

5-izrazi-koi-ne-gi-upotrebuvaat-samouverenite-lichnosti-2.jpeg

Според психологот Џоел Гарфинкел, начинот на кој се изразувате има огромно влијание врз тоа како ве перцепира околината. Токму затоа, тој советува да исфрлите неколку зборови од вашиот секојдневен речник.

„Доколку често ги употребувате изразите „Амм!?“, „Ух!“, „Аааа“ - сето тоа индицира на фактот дека вие не сте сигурни како да ја продолжите реченицата“ - објаснува Гарфинкел. Според него, исто така, пожелно би било да ги исфрлите и зборовите од типот на „понекогаш“ и „често“, особено кога ги употребувате во професионална конотација.

Овие зборови му оставаат впечаток на слушателот дека не сте сигурни во она што го зборувате.

За крај, можеме да заклучиме дека она што излегува од нашата уста, не само што зборува за она што се обидуваме да го пренесеме, туку ги прикажува и нашите манири, нашата личност  и домашното воспитување.

Па, доколку сакате да се прикажете како самоуверена и претставителна личност, вежбајте на своите вештини за изразување.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...

Најчитани неделава