5 совети кои ќе им помогнат на интровертите да најдат работа

Ако се чувствувате непријатно и анксиозно кога сте со други луѓе, тогаш пронаоѓањето на работата од соништата може да ви биде вистински предизвик.

5-soveti-kako-da-pronajdete-rabota-sovrshena-za-introvertni-lugje-01

Многу бизниси бараат работа со луѓе, а за интровертите ова поттикнува непријатности и може да го уништи потенцијалот за постигнување успех.

Психолозите денес тврдат дека речиси 50 проценти од популацијата се смета за интровертна.

Сепак и покрај ограничувањата, постојат низа работни места кои се совршени за интровертите.

Ако и вие сте еден од нив, еве пет совети за да бидете чекор поблиску кон остварување на успешна кариера:

Фокусирајте ја истрагата на можноста да работите сами

Не секое работно место бара тимска работа. Има одредени полиња каде треба да работите сами, да преземате одговорност за проектите и да бркате крајни рокови.

Покажете ги вашите способности во ваква област и напредувајте брзо.

Прилагодете ја околината во која работите

Ако работите на место кое бара социјални вештини, балансирајте со избор на околината. На пример, наместо лице в лице, со луѓето комуницирајте преку телефон, кога е возможно, или пак работете од дома, а средби со луѓе имајте само во времето за состаноци.

Пронајдете работно место кое предвидува состаноци само еднаш во седмицата или месецот. Пред да аплицирате, добро истражете.

Начинот на барање на работно место прилагодете го за интроверти

Секретарка или која било услужна дејност не се вистинските области за вас. Ако имате способност да работите сами, тогаш треба да пронајдете работа што одговара на вашиот карактер.

Со насочување кон вистинските работни места, ќе ви се отворат нови врати и можности. Совршен пример за ваква професија е програмер.

Ментално подгответе се за интеракции

Средбите и интервјуата бараат интеракција со други. Ако сте социјално анксиозни, ментално подгответе се за овие специјални делови од работата. Континуираното вежбање ќе ви ја намали анксиозноста на долг рок.

За време на интервјуто, не се срамете да му кажете на вашиот потенцијален работодавач дека сакате да работите сами и сте посветени и одговорни. Тоа се карактеристики на интровертите кои секој работодавач ги бара.

Пронајдете го вашето ниво на комфор во социјалните интеракции

Многу интроверти се болно срамежливи и не уживаат воопшто во интеракцијата, други пак се чувствувате комфорни да дискутираат со други, но само на одредени теми.

Направете психолошки тест и откријте кои се вашите силни страни, така полесно ќе стигнете до совршената работа.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg