Дали пријателствата со колегите од работа се вистински?

Сигурно некогаш сте се запрашале дали пријателствата кои ги стекнувате на работа се исти како оние надвор од работното место?

dali-prijatelstvata-so-kolegite-od-rabota-se-vistinski-01.jpg

Ако се, тогаш зошто толку често се губи контактот со колегите ако ја промените работата?

Меѓусебно разбирање, сочувство, давање и примање, делење на добро и лошо...

Правилата на пријателството се јасни, но очекувањата за пријатели на работа и надвор од неа не би требало да бидат исти.

Аристотел на пример, го ценел пријателството заради неговите цивилизациски квалитети, но  разликувал јавна и приватна страна.

Според него, пријателствата биле засновани и на корист и на задоволство, а биле и средство и цел.

Сепак, постојат одредени правила по кои треба да се водите:

Соработка, а не користољубивост

Користа е најизразена карактеристика кај пријателствата од работа. Но, тоа не би требало да се дефинира како корист, туку како соработка во која главното прашање не е „Што може некој да направи за мене?“, туку „Што можеме да направиме заедно?“.

Овие пријателства започнуваат со некој проект и заедничка работа, а кога тие ќе завршат, на некој начин му доаѓа крај и на пријателството, бидејќи не постои главната основа која го одржува.

За да се продолжи потребен е посилен мотив, а не само познавање на работните вештини.

Па, можеме ли овие врски кои ги воспоставуваме да ги наречеме пријателство? Или најдобро е да ги опишеме како нешто повеќе од познанство, а помалку од пријателство. Како однос кој ја покрива работата, со што денот ни е попријатен, а работните задачи полесни?

Според познати професионалци тоа е најдобрата дефиниција за овој однос кој ни овозможува да делиме заеднички вредности, осигурува кружење на информации и нѐ поврзува на работното место каде поминуваме голем дел од денот.

Не треба да се брза

Повеќе од ова, не е реално да се очекува, а е и тешко изводливо. Како ќе се поставите кон пријателот кој воедно ви е и колега, кога резултатите ќе тргнат по лоша линија? Како да му кажете дека не е ефективен и дека работи лошо, а вчера сте биле излезени заедно и супер сте си поминале?

Таквите блиски односи помеѓу колегите може да доведат до тешка и комплицирана ситуација посебно ако се работи за различни нивоа на хиерархија. Затоа не избрзувајте со блискоста.

Запознавање на правилата на игра

За да развие вистинско пријателство потребни се од прилика 3 години. На работа се спријателуваме многу побрзо бидејќи секојдневно сме во контакт и делиме ист простор.

Притоа, многу често се случува да споделиме повеќе од потребното, да зборуваме повеќе од што слушаме, посебно кога сме во нова средина. Мотивите се различни, но најчесто сакаме да им се допаднеме на останатите и да се вклопиме, па почнуваме да ги прифаќаме нивните правила на игра.


Не постои стандардно правило кое важи за сите односи помеѓу колегите, но како заклучок од сето ова, треба да бидете внимателни и да не се избрзувате при зближувањето, и секако, да не го мешате пријателството со соработката и близината заради професионални цели.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg