Една навика за поттикнување на креативноста, која ја користел и Стив Џобс

Генијалецот на Apple, Стив Џобс, имал навика која невронауката тврди дека е поттикнувач на креативноста.

stiv-dzobs-imal-odlichna-navika-shto-ja-pottiknuva-kreativnosta-01.jpg

 Според биографот на Стив Џобс, Волтер Исаксон, главниот ум на Apple користел многу едноставен трик за релаксација.

Долги прошетки.

Џобс не е единствениот од успешните луѓе, кој ги користел долгите прошетки како ментална вежба.

Третиот претседател на САД, Томас Џеферсон, во писмо го советувал неговиот внук Питер Кар дека долгите прошетки се добри за разбистрување на умот.

Никогаш не помислувај да земеш книга со себе. Целта на прошетките е да го релаксираш умот. Затоа треба да не си дозволиш дури ниту да размислуваш додека пешачиш. Насочи го своето внимание на објектите околу тебе. Мала прошетка од половина час наутро штом станеш е особено добра. Ќе те расони и ќе ти донесе други позитивни ефекти, напишал тој.

stiv-dzobs-imal-odlichna-navika-shto-ja-pottiknuva-kreativnosta-02.jpg

Пешачењето го намалува крвниот притисок и го оттргнува умот од проблемите, дозволувајќи му слободно лутање – што е познато како креативност.

Истражување на Универзитетот Станфорд докажа дека долгите прошетки ја зголемуваат продуктивноста и до 60%. Во истражувањето учествувале 176 учесници, кои на одредени тестови за креативност покажале многу подиверегентни размислувања по долга прошетка, во споредба по времето минато зад затворени врати.

Биолозите од Универзитетот Јеил тврдат дури дека врската помеѓу пешачењето и креативноста се сведува на раната еволуција на луѓето како номадски ловци и собирачи постојано во движење.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео... „Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg