Знаци кои покажуваат дека вашиот колега е „психопат“

Вашиот колега како да е инспириран и мотивиран за работа кога вашиот шеф вреска на сет глас по вас... Нешто е чудно, зарем не?

znaci-koi-pokazuvaat-deka-vashiot-kolega-e-psihopat-01.jpg

Едно недамнешно истражување на магазинот Journal of Business Ethics докажа дека психопатите најдобро напредуваат кога над нив имаа злобни шефови. Тие најдобро знаат да се справат со шефови кои ја нарушуваат приватноста на вработените, озборуваат и се некултурни на моменти.

За поголемиот дел од луѓето ваквото однесување на претпоставените е стресно, но за психопатите тоа е позитивно.

Истражувачите дошле до овој заклучок:

„Постојат примарна и секундарна димензија на психопатија. Двете вклучуваат антисоцијално однесување, недостиг од емпатија, рамнодушност и бестрашност. Психопатите не реагираат на работите кои другите луѓе ги прават исплашени, бесни или анксиозни. Секундарната димензија на психопатија се однесува на импулсивни луѓе со вжештени глави. “

znaci-koi-pokazuvaat-deka-vashiot-kolega-e-psihopat-02.jpg

Истражувањето покажа дека во стресна работна средина луѓето со психопатски карактеристики имаат ниско ниво на бес и функционираат подобро од останатите, но тоа не значи дека овој систем е добра работа.

Во компании каде има екстремно ниво на набој и лоши шефови работниот состав ќе се сведе во најголем дел на психопати, а тоа дефинитивно не е добра ситуација.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg