Работат на температурa од 1.200°C, не смеат да имаат мустаќи : Факти за пожарникарите - Results from #1


Работат на температурa од 1.200°C, не смеат да имаат мустаќи : Факти за пожарникарите

Спасуваат животни кога за нив речиси нема надеж

Заглавено маче или куче, пожарникарите се тука за да помогнат.

temperaturi-i-do-1200-stepeni-zabrana-za-mustakji-fakti-za-rabotata-na-pozarnikarite-07.jpg

Смените понекогаш им траат навистина долго

За време на пожарите тие понекогаш се на терен многу подолго од вообичаено.

temperaturi-i-do-1200-stepeni-zabrana-za-mustakji-fakti-za-rabotata-na-pozarnikarite-08.jpg

Секогаш го закачуваат костимот на место на кое би можеле да го земат веднаш

Тие во случај на пожар мора да скокнат и за неколку секунди да бидат во костим и чизми.

temperaturi-i-do-1200-stepeni-zabrana-za-mustakji-fakti-za-rabotata-na-pozarnikarite-09.jpg

Куќите со отворен концепт, што се речиси без ѕидови и врати горат најбрзо

Порано куќите имале многу соби, но денес повеќе се гради со отворен концепт и со тоа пожарот побрзо се шири.

temperaturi-i-do-1200-stepeni-zabrana-za-mustakji-fakti-za-rabotata-na-pozarnikarite-10.jpg

Има многу пожарникари волонтери

Во некои земји каде што владата нема доволно финансии да плаќа голем тим пожарникари, како Чиле на пример, постојат волонтерски групи, кои добиваат специјална обука и одат на местото на настанот со своја желба.

temperaturi-i-do-1200-stepeni-zabrana-za-mustakji-fakti-za-rabotata-na-pozarnikarite-11.jpg

Пожарникарската работа не е само професија, туку вистинска страст

Многу деца сакаат да го спасат светот и да бидат херои и токму тие еден ден стануваат пожарникари – реални херои, кои секој ден го ризикуваат својот живот.

temperaturi-i-do-1200-stepeni-zabrana-za-mustakji-fakti-za-rabotata-na-pozarnikarite-13.jpg

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пожарникари и уште 8 професии во кои сè уште доминираат мажите Во која сфера сè уште нема подеднакво мажи и жени? Познавате ли жена која работи...
Бонтон во канцеларија: 17 правила на убаво однесување, што секој вработен треба да ги почитува Не е важно дали работите во профи компанија, каде оделата и затворените чевли се...
Зошто работењето од дома е постресно отколку што мислиме? Иако многу луѓе сметаат дека работата од дома е одлична за постигнување рамнотеж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg