Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Проверувањето на социјални мрежи за време на работно време не ве прави лош работник

Сите ние барем еднаш во денот, додека сме на работа го проверуваме својот телефон и се приклучуваме на некоја од социјалните мрежи како Фејсбук или Инстаграм. Можеби сте на пауза, можеби нема многу работа, па си дозволувате кратка пауза да проверите што се случува во светот.

naukata_veli_deka_proveruvanjeto_na_vasite_socijalni_mrezi_dodeka_ste_na_rabota_ne_znaci_deka_ste_los_rabotnik_01.jpg

И иако потоа може да се чувствувате криво или да се криете од вашиот шеф, науката вели дека оваа навика не значи дека сте мрзливи или дека не сакате да ја завршите вашата работа.

Терминот „cyberloafing“ е нешто што никој од нас нема идеја што претставува ниту пак дека воопшто постои, но овој термин се однесува на акцијата на пристапување на интернет на работното место за да се логираме на сопствените профили и да прочитаме нешто за сопствени цели.

Сè до денес овој термин е поврзуван со лоша конотација и се сметаше дека предизвикува лоша работна етика.

naukata_veli_deka_proveruvanjeto_na_vasite_socijalni_mrezi_dodeka_ste_na_rabota_ne_znaci_deka_ste_los_rabotnik_02.jpg

Но, истражувачите од Универзитетот Хаифа во Израел и Универзитетот во Јужна Флорида докажуваат дека оваа реакција нема никаква врска со лошата работна етика или непродуктивноста.

Оваа реакција е едноставно предизвикана од досада. Тоа значи дека можеби вашите обврски се намалени или сте успеале да ги завршите пред истекувањето на 8-те работни часа, па наместо да седите и упорно да гледате во часовникот, ќе посегнете по вашиот телефон и ќе погледнете што се случува во виртуелниот свет на социјалните медиуми.   

Во зависност од работното место и вашиот шеф, овој начин на поминување на време може да се гледа како дефинитивно неприфатлив или да не претставува голем проблем.

На крајот од денот, секој од нас е свесен дека доколку имаме полни раце работа не би посегнале по нашиот телефон.

Што мислите вие? Дали често го проверувате вашиот телефон на работа? И дали проверувањето на вашите социјални мрежи ве прави лош работник или е само резултат на недостатокот на работни обврски?

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
10 најдобри совети на поле кариера (кои секој работник треба да ги примени) Појавувајте се рано – на работното место, на состанок, буквално секаде, така ќе ...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg