Утрински рутини кои треба да ги стекнете за деновите да не ви поминуваат во жалење
Доколку сте од оние кои во првите неколку часа по станувањето не сакаат да гледаат никој и не се расположени, редно е да промените нешто.

Ако денот го започнете нерасположено и тмурно, ако сè ве нервира и ви пречи, така и остатокот од деновите ви поминуваат негативно и голем дел од времето поминувате несреќно.
Иако можеби не го забележувате тоа, сепак има огромно влијание врз вашето севкупно задоволство.
За таа цел, треба да смените некои работи и да стекнете нови рутини кои ќе ви помогнат да гледате на животот попозитивно и да бидете поисполнети:
Направете си вкусно кафе кое ќе ве расположи за денот да ви тргне

Во првите 15 минути по будењето не проверувајте социјални мрежи
Пуштете си музика која ве релаксира и расположува додека се расонувате и подготвувате

Подгответе си појадок претходната вечер за да имате време да јадете наутро

Разбудете се 15 минути порано од планираното за да не се чувствувате избрзано
Ако живеете сами, пишете си со некој близок за да добиете социјална интеракција
Ако живеете со партнер, посветете си неколку минути еден на друг
Ако имате можност, најдете време за кратка прошетка на воздух

Направете си витаминско смути за добар почеток на денот

Отворете инспиративни профили на социјалните мрежи за да се мотивирате
Дајте си време за разубавување за да се чувствувате самоуверено

Поставете си цел и план за денот
Наместете си го креветот и не оставајте неред
Помислете на неколку работи кои ве прават среќни и благодарни
Подгответе се за работа и впуштете се во денот

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео...
„Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа
„Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија
На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
