Бонтон во канцеларија: Работи кои луѓето со добри манири и култура никогаш не ги прават

Иако во зависност од компанијата, се разликува атмосферата и начинот на однесување, сепак постојат одредени правила кои треба секаде да се почитуваат.

bonton-vo-kancelarija-raboti-koi-lugjeto-so-dobri-maniri-i-kultura-nikogash-ne-gi-pravat-1.jpg

Оние кои имаат добри манири, се однесуваат по одредени бонтон принципи и правила каде и да работат.

Ако сакате успешно да градите кариера, да имате добар однос со колегите и да бидете почитувани, треба да се водите до одредени бизнис бонтон правила.

Па, кои се најчестите грешки кои ги правите на работното место и што е она што културните луѓе никогаш не го прават:

Не се водат по општи бонтон правила

Вистинскиот џентлмен секогаш треба да ја пушти жената да помине пред него, но во канцеларија има различни правила.

Според модерниот бонтон, прв треба да влезе или излезе оној на кој вратата му е најблизу.

Жените не само што сами си отвораат врати, туку и може да ги пуштат мажите да поминат пред нив, а истото важи и за излегување или влегување во лифт.

Жените сами си ги носат, закачуваат и облекуваат палтата, а ако имаат потешкотии, тогаш мажите може да помогнат.

bonton-vo-kancelarija-raboti-koi-lugjeto-so-dobri-maniri-i-kultura-nikogash-ne-gi-pravat02.jpg

Не доцнат без известување

На работното место секогаш треба да стигате на време, но секогаш може да се случи непланирано доцнење.

Во таков случај, за секоја задоцнета минута, следи 2 минути за предупредување.

Па така, ако мислите дека ќе задоцните 10 минути, треба да известите 20 минути порано.

bonton-vo-kancelarija-raboti-koi-lugjeto-so-dobri-maniri-i-kultura-nikogash-ne-gi-pravat-03.jpg

Не позајмуваат додатоци за работа од колегите

Според бизнис бонтонот, не треба да позајмувате помагала за работа од колегите.

Исто така, некои имаат навика да си играат и да вртат во рака предмет кој го нашле на туѓо биро, што е многу некултурно.

Секогаш имајте доволно од потребните додатоци за работа, како пенкала, стикери, тетратки, селотејп, ножици, хефталица и што и да ви треба за работата да се одвива нормално.

Истото важи дури и за полнач за мобилен, бидејќи е многу некултурно постојано да барате од колегите.

bonton-vo-kancelarija-raboti-koi-lugjeto-so-dobri-maniri-i-kultura-nikogash-ne-gi-pravat-04.jpg

Не чекаат претпоставениот прв да се поздрави

Подредените вработени први се поздравуваат, а потоа надредените возвраќаат. Надредениот треба прв да поздрави само во ситуација кога тој влегува во просторија со повеќе вработени, па тој треба прв да ги каже поздравните зборови.

bonton-vo-kancelarija-raboti-koi-lugjeto-so-dobri-maniri-i-kultura-nikogash-ne-gi-pravat-05.jpg

Не тропаат во просторија со повеќе од 3 луѓе

Според бонтонот за канцеларија, неопходно е да тропнете на вратата пред влегување, само ако во просторијата има помалку од 3 луѓе.

Ако има повеќе од тројца, можете слободно да влезете без предупредување и да се ракувате со сите присутни.

bonton-vo-kancelarija-raboti-koi-lugjeto-so-dobri-maniri-i-kultura-nikogash-ne-gi-pravat-06.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg