Бонтон во канцеларија: Работи кои луѓето со добри манири и култура никогаш не ги прават
Не ги прекрстуваат рацете кога зборуваат со колегите
На работното место мора да се обрнува внимание и на говорот на телото. Ако додека разговарате со колегите, рацете ви се прекрстени, тешко дека ќе бидете гледани како пријатен соговорник.

Не зборуваат за политика и религија
На работното место не треба да влијае политиката и религијата, па најдобро е и да се избегнуваат такви теми заради доброто на односите.

Не пијат сами кафе
Да пиете сами кафе во присуство на колегите се смета за лошо однесување, па подобро е секогаш да им понудите и на нив.
Паузата е одлична можност за одмор и намалување на тензијата во тимот, па смислете неколку теми на разговор и испијте едно кафе со колегите.

Не бараат од колегите тишина
За да не ги замолчувате секојпат колегите, добро е да смислите некој заеднички знак или симбол со кој ќе покажете дека сте зафатени и во тој период да не ве вознемируваат.
Исто така, добра идеја е да користите слушалки, но никогаш не ги замолчувајте.

Не забораваат да користат средство за дезинфекција
Важно е да се одржува чистотата во работната околина, посебно во канцеларии од отворен тип, па треба да стекнете навика да користите средство за дезинфекција на рацете.

М. М. | Црнобело
