4 работни дена и 3 дена одмор - вака ќе изгледа работната седмица во компанија во Нов Зеланд

Одговорните во оваа компанија на уникатен начин ја подобриле продуктивноста на вработените и наедно ги направила позадоволни.

4-rabotni-denai-3-dena-odmor-vaka-kje-izgleda-rabotnata-sedmica-vo-kompanija-vo-nov-zeland-01.jpg

Во компанијата што нуди финансиски услуги „Perpetual Guardian“ во Нов Зеланд и има 250 вработени распоредени на 16 локации имаше тест период од 2 месеци кога работната седмица се сочинуваше од 4 дена работа и 3 дена одмор, наместо 5 со 2.

Резултатите од овој тест период беа подобрена продуктивност, подобар баланс на работа/приватен живот кај вработените и помало ниво на стрес.

4-rabotni-denai-3-dena-odmor-vaka-kje-izgleda-rabotnata-sedmica-vo-kompanija-vo-nov-zeland-02.jpg

Работниот ден беше со стандардни 8 часа, па така наместо 40 работни часа во седмицата, вработените имаа по 32, но добиваа иста плата.

Одговорните од компанијата заклучија дека новиот принцип на работа нема негативни страни. Вработените не заминувале порано од работа, правеле помалку паузи и биле поефикасни. Севкупниот резултатот од работењето бил на исто ниво.

4-rabotni-denai-3-dena-odmor-vaka-kje-izgleda-rabotnata-sedmica-vo-kompanija-vo-nov-zeland-03.jpg

Во оваа компанија воспоставени се и други иновативни методи на работа, како тоа дека состанок не смее да трае повеќе од 30 минути.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg