9 работи кои никогаш не треба да ги чувате на бирото на работа

На турпијата не ѝ е местото на вашето биро. Ниту пак на нечистата шолја од кафе. Како тие негативно влијаат врз вас?

9-raboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-chuvate-na-biroto-na-rabota-01.jpg

Некои луѓе се по природа организирани, додека на други како да им е нормално да функционираат во хаос.

Но, дали знаете дека вашето неуредно биро негативно ви влијае врз концентрацијата, продуктивноста и ефикасното извршување на работните задачи, открива едно истражување објавено во The Harvard Business Review.

Некои работи навистина не треба да ви стојат на работното биро:

Ручек

Јадењето на биро не ве прави многу вреден работник, туку помалку продуктивен работник затоа што креативноста во вас „заспива“ кога не правите промена на околината во текот на целиот ден.

9-raboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-chuvate-na-biroto-na-rabota-02.jpg

Нечисти шолји од кафе

Тие на некој начин ви го загадуваат работното место и влијаат на начинот на кој ве перципира околината. Одвојте минута и измијте ги го кујната.

9-raboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-chuvate-na-biroto-na-rabota-03.jpg

Политички предмети

Во ред е да имате политички ставови и мислења, но навистина нема потреба да ги оптоварувате колегите со нив. Ќе предизвикате непотребни конфликти и тензија.

9-raboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-chuvate-na-biroto-na-rabota-04.jpg

Лична документација

Зошто да ги оставате на бирото документите од вашата бракоразводна постапка на пример? Нема потреба колегите да имаат увид во секој аспект од вашиот живот.

9-raboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-chuvate-na-biroto-na-rabota-05.jpg

Мобилниот телефон

Од ова најверојатно најтешко ќе се одвикнете. Но, мобилниот телефон е огромна дистракција при работењето. Најдобро е да ви биде исклучен звукот, а да користите друга линија за бизнис повици.

9-raboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-chuvate-na-biroto-na-rabota-11.jpg

Уште 4 работи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg