Препознајте ги и реагирајте: Јасни знаци дека „прегревате“ поради работата

На секое работно место има периоди кога вработените треба да вложат повеќе труд од обично, за да се постигне некој конкретен резултат.

prepoznajte-gi-i-reagirajte-jasni-znaci-deka-pregrevate-poradi-rabotata-01.jpg

Сосема е нормално некогаш да ви е преку глава од работата, особено ако е со намалена динамика во одредени моменти.

Но, што се случува ако и покрај сè, постојано мислите на работните обврски, а кафето и енергетските пијалаци се ваше постојано друштво?

Ставете се во улога на набљудувач и направете си анализа на себе. Само така ќе препознаете дали кај вас постојат знаци дека сте „прегореле“ од работата.

1. И кога сте дома, мислите на работа

Нормално е да ви текне нешто да направите, да го проверите мејлот или да размислите како ќе го водите состанокот утре. Но, ова треба да се само исклучоци, а не постојана опседнатост со работното место.

2. Незадоволството ви ја убива мотивацијата

Чувствувате дека нема потреба да ги кажувате своите идеи бидејќи секако ќе бидат одбиени, а работите само колку да не бидете отпуштени?

Ова е знак дека треба да земете неколку денови одмор. Ако и потоа незадоволството трае, почнете да разлистувате огласи.

prepoznajte-gi-i-reagirajte-jasni-znaci-deka-pregrevate-poradi-rabotata-03.jpg

3. И најмалите задачи ве исцрпуваат

Ова може да се должи на монотоноста. Обидете се да внесете малку поинаква динамика со тоа што ќе го смените распоредот на реализирање на работните задачи.

4. Страдаат односите со оние кои ги сакате

Никој, па дури ни добро платената работа не би смеела да ве оддалечи од луѓето кои ве сакаат и ги сакате.

Ако забележите дека не се гледате доволно со пријателите, а партнерот страда поради вашата раздразливост, преиспитајте се дали вреди да останете на тоа работно место.

prepoznajte-gi-i-reagirajte-jasni-znaci-deka-pregrevate-poradi-rabotata-02.jpg

5. Живеете на кафе, енергетски пијалаци, па дури и таблетки за спиење

Едно е да испиете едно кафе наутро, а потоа по желба уште едно.

Но, ако мислите дека со 3, 4 или 5 кафиња и по некој енергетски пијалак ќе можете да го пребродите денот, тогаш сте ја преминале тенката линија меѓу работничкиот стрес и „прегреаноста“.

Во консултација со претпоставените направете прераспределба на обврските.

6. Целосно сте исцрпени, дури и ако работата не бара да сте физички ангажирани

Луѓето кои се во канцеларија можат да доживеат подеднакво интензивен замор како и оние кои цел ден се на нога и работат физичка работа.

Иако ви се чини дека тоа е невозможно, обидете се во попладневните часови да се вклучите во некоја физичка активност, за да го држите под контрола менталното здравје.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg