Бон тон правила за соодветно однесување на празнични забави со колегите од работа
Во декември дружбите со колегите традиционално зачестуваат по повод празничната атмосфера и новогодишните празници.

Зависно од компанијата, некои забави се одржуваат во канцеларија, други во кафеана, а трети во кафулиња.
Но, независно каде ќе биде организирана забавата и дружењето, иако е неофицијално, сепак треба да се држите до одредени правила, бидејќи од следниот ден повторно ќе бидете колеги, па не сакате да се зборува лошо за вас ако си го покажете „вистинското лице“.
Бон тон правила кои треба да ги практикувате на дружбите со колегите:
Прифатете ја понудата и не образложувајте многу

Облечете се соодветно за пригодата, но не претерувајте со голотијата

Бидете елегантни – иако е забава, сепак е бизнис настан
Пристигнете на време независно што не доаѓате на работа, туку на забава, покажете одговорност

Не зборувајте сè и сешто со надредените дури и ако сте под мало дејство на алкохол
Не претерувајте со чашките алкохол независно колку ве тераат да се напиете

Бидете позитивни и дружете се, не седете сами како намќор
Не доаѓајте прегладнети и не ја напаѓајте трпезата
Поздравете се со сите пред да си одите наместо да исчезнете
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа
„Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...