Најнепродуктивните навики од кои секој сака да се ослободи

Секој од нас си има денови кога е помалку продуктивен од обично или продуктивноста целосно изостанува. Поради тоа, нечија туѓа продуктивност може целосно да ве фрустрира.

najneproduktivnite-naviki-od-koi-sekoj-saka-da-se-oslobodi-01.jpg

За да можете да поработите на своите работни одговорности, треба да се преслушате кои навики се добри за вас, а кои треба да престанете да ги практикувате.

Па, да почнеме:

Претерано работење

Ако работното време ви е 8 часови во денот, а вие работите 12 или 13, застанете малку, земете пауза и размислете дали навистина постигнувате подобри резултати затоа што посветувате повеќе време на работата.

Постојана грижа

Што ако ја изгубам заштедата? Што ако ме отпуштат? Грижите и лошите сценарија не се ваши пријатели. На вас е да работите и да штедите (или што друго и да сте намислиле да направите), за да можете самите да се ослободите од грижите.

najneproduktivnite-naviki-od-koi-sekoj-saka-da-se-oslobodi-02.jpg

Тврдоглавост

Сосема е нормално луѓето со кои работите да не ви се допаѓаат, но не дозволувајте вашата тврдоглавост да работи на ваша штета. Имајте на ум дека со секоја иронична изјава се ставате во незавидна состојба.

Го игнорирате здравјето

Тоа што ќе се разболите од работа, нема да ви донесе никаков дополнителен бенефит. Тогаш, зошто го правите тоа?

Прифаќање на секое барање

Во ред е да сте најспособниот работник во вашата компанија, но тоа не значи дека без приговор треба да прифаќате сè што ви наложуваат другите. Вие одговарате само на својот претпоставен и работите онолку колку што е покриено со договорот за работа.

najneproduktivnite-naviki-od-koi-sekoj-saka-da-se-oslobodi-03.jpg

Се потпирате на меморијата

Ако имате идеја или замисла, запишете ја. Веројатно е дека ќе заборавите на што сте се сетиле претходно доколку тоа не го запишете.

Не сте фокусирани

Кога ја работите работата механички, често не се ни концентрирате на задачите. Но, сменете го тоа, бидејќи токму кога ќе почнете да размислувате за своите акции, полесно ќе забележите дали во работата постои некаква грешка или пропуст.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg