3 работи кои треба да ги направите во последните 15 минути од работното време

Одредената работна рутина ни помага подобро да се организираме и да имаме подобра претстава за времето кое го имаме на располагање.

3-raboti-koi-treba-da-gi-napravite-vo-poslednite-15-minuti-od-rabotnoto-vreme-001.jpg

При крајот на работниот ден, кога концентрацијата ви е сведена на минимум, избегнувајте големи обврски, но практикувајте 3 ситници кои значително може да ви помогнат да го почнете наредниот ден смирени и насмеани.

1. Прегледајте го мејлот за последен пат

На крајот на работното време уште еднаш исчистете го мејлот од сите непотребни информации, завршени задачи и обврски, како и неодговорените пораки кои ви пристигнале во меѓувреме.

2. Запишете ги обврските за следното утро

Утрото е најпродуктивниот период од денот, па наместо да откриете што требаше да направите следно, имајте листа на приоритети кои треба да ги завршите пред 10 часот. Бидете реални.

3. Направете рецензија на работниот ден

Размислете што сè завршивте денес, како го организиравте времето, што ве мотивираше, а што ви црпеше концентрација. Овој ситен ритуал може да биде исклучително корисен на долги патеки. На овој начин утредента ќе бидете попродуктивни, бидејќи ќе знаете што да исфрлите, а што да вметнете во поголеми количини. И така секој нареден ден...

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg