Што сè можете да правите на работа кога сите други не се во канцеларијата?

Ако се случува во одреден дел од денот да сте сами на работа, додека другите се по појадоци, ручеци и состаноци, тоа време можете да го искористите на различни начини.

shto-se-mozhete-da-pravite-na-rabota-koga-site-drugi-ne-se-vo-kancelarijata-01.jpg

На пример, користете што сте сами за да можете да го завршите креативниот дел од својата работа, да го средите бирото или да испиете кафе и да изедете ручек на мира.

Ова се неколку идеи како да го искористите тоа време:

Испразнете го инбоксот од мејлот

Дневно добивате стотици мејлови од кои само дел ви се потребни и релевантни. Не оставајте го празнењето на инбоксот за подоцна. Штом ќе добиете порака или преместете ја во друга папка или избришете ја доколку не ви е потребна.

Повикајте колега на ручек

Искористете го времето да поканите некој од другата канцеларија кај вас на ручек или на кафе. Склопувајте пријателства и споделувајте интереси, сигурно постои личност во вашта фирма која може да биде блиска со вас.

shto-se-mozhete-da-pravite-na-rabota-koga-site-drugi-ne-se-vo-kancelarijata-02.jpg

Контактирајте со своите ментори

Било да се работи за поранешни колеги, наставници, професионалци кои ве обучувале, доколку сте останале во контакт со нив, пишете им или слушнете се. Ќе им биде драго што сте се сетиле на нив, а можеби и повторно во животот ќе може да ви помогнат околу кариерата.

Работете во „airplane mode“

Кога сте сами во канцеларија, можете да го искористите тоа време за целосно да се сконцентрирате на работата и да завршите голем дел од работните задачи. Најважно е само да се исклучите од виртуелниот свет.

shto-se-mozhete-da-pravite-na-rabota-koga-site-drugi-ne-se-vo-kancelarijata-03.jpg

Обновете ја својата кратка биографија

Искористете го времето да го разгледате вашето постоечко CV и да размислите како можете да го обновите со новонаучените вештини.

Истегнете се

Имате доволно време и простор да направите кратки вежби за истегнување. Станете од бирото и раздвижете се. Тоа ќе ви ја подобри циркулацијата и ќе ви помогне потоа подобро да се сконцентрирате на работните задачи. По долгиот ден седење, навистина е важно да се истегнете и раздвижите.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg