Зошто 1 од 4 доктори страда од проблеми со менталното здравје?

Тие секој ден се соочуваат со предизвикувачки ситуации и чувствуваат огромен притисок и сето тоа има свој данок.

zoshto-1-od-4-doktori-strada-od-problemi-so-mentalnoto zdravje-01.jpg

Сè поголем е бројот на професионалци од доменот на медицината кои се под огромен психолошки притисок и се соочуваат со проблеми со менталното здравје.

Во истражување со 4.300 доктори Британската медицинска асоцијација откри дека 40% од докторите страдаат од некакво психолошко нарушување или емоционална состојба, а ова е најизразено кај докторите кои имаат многу работни часови во неделата, односно 51 час, па и повеќе.

zoshto-1-od-4-doktori-strada-od-problemi-so-mentalnoto zdravje-03.jpg

Некои доктори дури признале дека користат алкохол и лекарства за да успеат да ги истуркаат предолгите смени и дежурства.

zoshto-1-od-4-doktori-strada-od-problemi-so-mentalnoto zdravje-04.jpg

Истражувачите тврдат дека долгите работни часови и преоптовареноста со обврски ментално ги истоштуваат докторите и ги туркаат до крајни граници. Многу од нив се плашат да побараат помош од стручно лице од страв тоа да не им наштети на кариерата.

zoshto-1-od-4-doktori-strada-od-problemi-so-mentalnoto zdravje-05.jpg

Во нивната професија постои ризик дури и тогаш кога сè ќе направат според план работите да не испаднат како што треба и тоа неизбежно нанесува товар врз нивните раменици.

zoshto-1-od-4-doktori-strada-od-problemi-so-mentalnoto zdravje-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе ја споделуваат мрачната страна на нивната кариера: „Го истражувам ракот кај деца – гледам многу... „Работам во зоолошка градина. Дали некогаш сте помирисале урина на лав? Сигурно ...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Работа под притисок, лидерски сопобности - кои беа најбраните лични вештини на пазарот за труд во 20... Добра организација на времето, адаптирање на промени и креативност - кои се друг...
„Завршив Филозофски факултет во Скопје, сите беа против, денес не работам по струка – дали се каам?“ Вечната дилема на секој човек. Дали избрав вистинска професија и дали цел живот ...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
5 хобија кои можат да ви бидат извор на дополнителни приходи ако ги усовршите Ако сакате да фотографирате и сметате дека сте талентирани за оваа уметност, зош...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg