Како да бидете посреќни на работното место?

Одењето на работа не е секогаш забавно. Стресот, крајните рокови и долгите работни часови можат да направат да се чувствувате повеќе очајно отколку среќно. 

kako-da-bidete-posrekjni-na-rabotnoto-mesto-01.jpg

Но, бидејќи работата одзема многу време од нашите животи, од голема важност е да си ја направите работната околина што е можно подобра и попријатна за вас.

Негативноста на работа може да има лошо влијание врз секој аспект од вашиот живот, па навистина е важно да се чувствувате добро од 8 до 16 часот.

Стресот и незадоволството на работното место можат да предизвикаат и физички и ментални проблеми. Можете да се здебелите, да бидете преморени или да имате проблеми со спиењето.

Покрај тоа, лошото расположение ќе влијае и врз вашите врски, нарушувајќи го вашиот социјален живот.

За да ги избегнете сите овие несакани ефекти, потребно е да го најдете коренот на проблемот – несреќата на работното место.

Доколку не знаете како да си го подобрите расположението во работните денови, пробајте некој од советите во продолжение:

Уредете си го работниот простор

Одличен начин да ја подобрите работната околина е да направите неколку промени. Без разлика дали имате своја канцеларија или ја делите со неколкумина, освежувањето на просторот со слики што ви причинуваат задоволство може да направи чуда.

Додавањето лични фотографии и предмети исто така ќе ви го подобри расположението во стресните моменти.

Доколку имате место, добро е да чувате и некакво растение во вашата канцеларија. Сепак, најважна од сè е вашата организација. Во добро организиран простор ќе се намали нивото на стрес, а вашата продуктивност ќе се зголеми.

kako-da-bidete-posrekjni-na-rabotnoto-mesto-002.jpg

Излезете на свеж воздух

После многу часови поминати во затворен простор, сосема нормално е да се почувствувате лошо, особено ако сакате да бидете надвор. За да го направите работниот ден поубав, за време на паузата излезете надвор.

Можете да ручате на отворено или пак само да прошетате наоколу. Ова ќе ви овозможи да направите и ментална пауза од работата, со тоа намалувајќи го стресот.

kako-da-bidete-posrekjni-na-rabotnoto-mesto-03.jpg

Запознајте ги вашите колеги

Забавата на работното мето зависи од интеракцијата со другите. Голема е веројатноста дека секогаш сте преплавени со работа, па не ни помислувате за разговори.

Но, разговорите со колегите без сомневање ќе ви го зголемат чувството на припадност и ќе направат да се чувствувате подобро.

kako-da-bidete-posrekjni-na-rabotnoto-mesto-04.jpg

Почастете се

Без разлика кои се вашите цели, кога ќе постигнете некоја од нив, важно е да се почастите. Секоја победа е важна, дури и најмалата, па немојте да ја занемарувате.

Почастете се со ручек во омилениот ресторан или пак купете си ја блузата што ја гледате веќе некое време. Овие ситници ќе додадат радост во вашиот ден и ќе го намалат нивото на стрес.

kako-da-bidete-posrekjni-na-rabotnoto-mesto-05.jpg

Променете ги вашите мисли

Не е тајна дека понекогаш, одењето на работа изгледа како казна. Но, доколку го промените ова мислење, одењето на работа нема да ви изгледа како толку голем товар. На патот кон канцеларијата размислете за сите позитивни аспекти од вашата работа, вашата канцеларија, вашите колеги...

Доколку сте очајни на работното место и не ни се сеќавате кога последен пат сте биле среќни таму, можеби е време за поголема промена. Понекогаш отказот не е опција, па важно е да ја направите работната атмосфера што е можно попријатна.

kako-da-bidete-posrekjni-na-rabotnoto-mesto-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg