Дали е добро да слушате музика додека работите?

Многу луѓе имаат навика да слушаат музика додека работат. На овој начин се оддалечуваат до вревата во опкружувањето, им се подобрува расположението и воглавно, веруваат дека се попродуктивни. Но, што всушност се случува со мозокот додека слушате музика?

dali-e-dobro-da-slushate-muzika-dodeka-rabotite-01.jpg

Според невропсихијатарот Даниел Левитин, иако можеби мислите дека сте попродуктивни со музика, во реалноста дека важи спротивното.

Даниел, кој и самиот е музичар, истакнал и неколку истражувања кои покажуваат дека способноста за размислување, читање и пишување се намалува додека слушаме музика.

Едно вакво истражување, кое било спроведено во 2010-та година, покажало дека луѓето имале полошо помнење додека слушале музика, за разлика од оние кои работеле во тишина.

Даниел објаснил дека слушањето музика ни го подобрува расположението и нè релаксира. Мозокот почнува да лачи допамин, што ни дава пријатно чувство. Истовремено може да почне да се лачи и серотонин, хормон што го подобрува расположението и фоксуот.

Но, слушањето музика може да ви го одвлече вниманието. Односно, доколку слушате музика додека работите, вашето внимание е поделено и не можете да се фокусирате само на задачата.

Сепак, понекогаш е важен и видот на вашата работа.

dali-e-dobro-da-slushate-muzika-dodeka-rabotite-02.jpg

Учење

Понекогаш на работното место треба да научите нешто за да ја завршите задачата. Овде може да спаѓа учење на факти, правила или инструкции. За да ги запомните овие нешта, вашиот мозок мора да ги анализира.

Доколку во овој случај слушате музика, на мозокот му станува потешко да ги процесира новите информации. Сето ова може да резултира со грешки во процесирањето на инструкциите и фактите.

Поради тоа, доколку треба да научите нешто ново, најдобро е да ја исклучите музиката

Опкружување со врева

Доколку треба да работите во врева, во тој случај подобро е да си пуштите музика. Во опкружување со врева, мозокот се обидува да се фокусира на секој звук.

Ова одзема премногу енергија што инаку би ја употребиле за вашата задача. Вревата дури може да го намали нивото на допамин, а да го зголеми нивото на кортизол во организмот.

Во овие ситуации, музиката ќе ви помогне да се фокусирате на работата, само доколку не треба да учите нешто ново.

dali-e-dobro-da-slushate-muzika-dodeka-rabotite-03.jpg

Повторлива работа

Музиката може да ви помогне поефикасно да ги завршите повторливите задачи. Бидејќи во овој случај не треба да размислувате премногу, музиката ќе ви помогне да се чувствувате подобро и порелаксирано.

Истовремено, ќе го намали стресот и ќе го зголеми вашиот перформанс.

Избегнувајте нова музика

Додека работите, најдобро е да избегнувате нова музика бидејќи таа најмногу го одвлекува вниманието.

Новата музика го поттикнува лачењето на допамин поради елементот на изненадување и понекогаш ви изгледа поинтересна од самата работа. Па доколку треба да размислувате или да учите нешто, немојте да слушате нова музика.

Музика без текст

Доколку сепак не можете да работите без музика, одберете песни без текст. На овој начин, мозокот не треба да процесира речиси ништо дополнително.

Музиката со текст има лошо влијание на вашиот перформанс бидејќи му обрнувате внимание и на текстот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg