Зошто високото образование повеќе не е пресудно за успех?

Според статистиката, само околу 60% од студентите успеваат да дипломираат. Ова, пак, не значи дека останатите 40% ќе си поминат лошо.

zoshto-se-namaluva-vrednosta-na-visokoto-obrazovanie-01.jpg

Во денешниот свет, високото образование повеќе не е гаранција за успех. Сè почесто слушаме приказни за самоуки претприемачи, без диплома, кои го освојувале светот додека другите полагале испити.

Во продолжение погледнете ги причините зошто вредноста на високото образование почнува да се намалува:

Големи трошоци

Неретко, факултетот чини многу пари. Ако сакате да студирате на добар универзитет, откако ќе дипломирате ќе мора да најдете добро платена работа, само за да си ги исплатите долговите.

Проблемот е што за ваква работа, ќе ви треба искуство кое сигурно ќе го немате.

Па, многу луѓе одбираат да почнат со работа веднаш после средно. За 4-5 години, овие луѓе веќе имаат доволно искуство за да најдат подобро работно место.

zoshto-se-namaluva-vrednosta-na-visokoto-obrazovanie-02.jpg

Многу иноватори немаат диплома

Опра не завршила факултет, а ја започнала нејзината телевизиска кариера на 19 години. Марк Цукерберг, пак, се отпишал од Харвард за да работи на неговиот Facebook проект. Сите знаеме колку далеку стигнале и двајцата.

Образованието можеби нѐ прави добри следбеници – добиваме готови информации и без никакво прашање правиме тестови и полагаме испити. Но оние кои работат, го практикуваат она што студентите го учат и понекогаш стануваат и поуспешни.

zoshto-se-namaluva-vrednosta-na-visokoto-obrazovanie-03.jpg

Секој ден се појавуваат нови професии

Знаевте ли дека пред 20 години не постоеле професии како техничар за роботика, нутриционист и слично?

Некои области се развиваат толку брзо, што нема ни време да ги научите на факултет. Еден одличен пример за тоа е онлајн претприемништвото.

Високото образование е комплексна институција, која не може да ги следи брзите промени во светот.

А, веќе јасно е дека во наредните 20 години, пазарот ќе се измени уште толку, па ќе постојат работни места за кои денес немаме ни име.

zoshto-se-namaluva-vrednosta-na-visokoto-obrazovanie-04.jpg

Онлајн учењето е многу поедноставно

Универзитетите нудат генерализирано образование, без разлика на кој факултет сте.

Но, денес постојат безброј онлајн курсеви, кои ви помагаат да се фокусирате само на една вештина.

А ова, пак, е многу подобро бидејќи ќе станете експерти во некоја област, без да потрошите 4-5 години на учење.

Одличен пример за ова се програмерите. Голем дел од нив се самоуки, а секој знае дека повеќето имаат добра плата. Дел од овие програмери се и Бил Гејтс и Џулијан Асанж, кои веднаш нашле начин да го применат нивното знаење.

Понекогаш, многу поефикасно е да изучите онлајн курс, наместо да потрошите време и пари за универзитетска диплома.

zoshto-se-namaluva-vrednosta-na-visokoto-obrazovanie-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg