5 начини како вистински да ја искористите паузата од работа за одмор
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Account Manager 28-02-2020
Менаџер 28-02-2020


5 начини како вистински да ја искористите паузата од работа за одмор

Си купувате јадење и се враќате во канцеларија да го изедете пред компјутер? Или скролате по Инстаграм додека јадете? Не сте единствени, но ова не е вистинско користење на паузата од работа...

5-nachini-kako-vistinski-da-ja-iskoristite-pauzata-od-rabota-za-odmor-01.jpg

Независно дали имате половина или цел час пауза од работа, или пак можеби, работното место ви дозволува 15-тина брзи минути за оброк, важно е да ги искористите правилно – колку и да се.

Паузата треба да биде време кога ќе се посветите на себе, ќе одморите од работа и ќе се опуштите, за потоа да останете продуктивни, а на тоа влијаат уште неколку фактори.

Неколку начини да се откажете од лошата навика на некористење пауза:

Не ручајте на биро

Одвикнете се од јадењето и работењето во исто време. Ако имате посебно место во канцеларијата каде што можете да јадете – одвојте барем 5-10 минути и тргнете се од работното биро.

Уште подобро ако оброкот ви дозволува да седнете надвор на воздух и да ручате во мир. Доколку немате ниту една од наведените опции, барем исклучете го мониторот додека јадете.

5-nachini-kako-vistinski-da-ja-iskoristite-pauzata-od-rabota-za-odmor-2.jpg

Бирајте здрав оброк

Покрај тоа каде ќе јадете, за да останете продуктивни на работа, важно е и што ќе јадете. Време е да престанете со брзата храна или соленките за побрзо најадување.

Бирајте оброци кои ќе ве најадат, а истовремено ќе ви дадат енергија, наместо да ве успијат, како што е случај со тешките сендвичи.

Најдобро е ако можете да си подготвите кутија со оброк од дома и да создадете навика да готвите навечер. А, има опции и за купечки здрав и богат оброк.

5-nachini-kako-vistinski-da-ja-iskoristite-pauzata-od-rabota-za-odmor-3.jpg

Внимателно бирајте дали ќе јадете во друштво или не

Ако сте личност која сака да си одвои време за себе и да поминете време сами со себе, а на работа сте опкружени со многу луѓе, можеби е подобро паузата да си ја посветите себеси. Јадете во мир за да се наполните со енергија.

Доколку пак, сакате разговор и дружење со луѓето и не ви е пријатно да јадете сами, тогаш уште една причина плус да го избегнете јадењето пред компјутер.

Излезете со колегите, ручајте, изнамуабетете се и вратете се подготвени за работа.

5-nachini-kako-vistinski-da-ja-iskoristite-pauzata-od-rabota-za-odmor-4.jpg

Излезете надвор

Дури и ако си носите јадење од дома или ако е нешто што сметате дека брзо ќе го изедете, сепак одвојте време да излезете надвор, дури и само да прошетате ако не јадете.

Нека ве фати воздух, примете сончева светлина, оттргнете се малку од канцеларијата, испијте кафе, а потоа вратете се инспирирани и полни со енергија.

5-nachini-kako-vistinski-da-ja-iskoristite-pauzata-od-rabota-za-odmor-5.jpg

Ставете го телефонот на нечујно

Кога сте на пауза за ручек обидете се да го ставите телефонот на нечујно и да си дадете време за потребниот „рестарт“. Зависно од типот на пауза – уживајте сами во оброкот и разговарајте со колегите.

Доколку работата не ви дозволува да го исклучите звукот, барем оставете го и не скролајте по социјалните мрежи и не се допишувајте непотребно.

5-nachini-kako-vistinski-da-ja-iskoristite-pauzata-od-rabota-za-odmor-6.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 начини како да го натерате мозокот да ви работи турбо Наутро и онака телото ви е полно со енергија, па пиењето на првото кафе одложете...
6 начини на кои ќе ја ослободите креативноста Дали сте и вие од оние кои имате многу што да раскажете, но не знаете како да го...
6 начини на кои лидерите ја користат тишината за да постигнат некоја цел За да нагласат поента – ако се користат премногу зборови, може да се изгуби поен...

Најчитани неделава