„Живејте со помалку отколку што имате“ - Јутуберка со заштеда од 225.000 евра ги споделува најчестите финансиски грешки

Можеби сметате дека е невозможно да се заштедат пари и дека нештата се такви какви што се, живееме од први до први. Но, оваа јутуберка напоменува дека постојат четири основни грешки што сите ги правиме кога сакаме да заштедиме пари, а коишто нѐ чинат поскапо на долгорочен план. Кои се тие грешки и што треба да направиме?

zhivejte-so-pomalku-otkolku-shto-imate-jutuberka-so-zashteda-od-225-000-evra-gi-spodeluva-najchestite-finansiski-greshki-01.jpg

Куини Тен е 24-годишна јутуберка која, верувале или не, веќе има заштеда од 225.000 евра (350.000 австралиски долари). Претходно таа имала долгови од 8.000 евра, а во само пет години, преку правилни инвестиции, успеала да го исплати долгот, да купи стан заедно со нејзиниот партнер и да остави пообемна заштеда, пишува Daily Mail.

Квини е маркетинг-менаџер од Сиднеј, Австралија, што активно штеди и вложува средства уште од периодот кога имала 19 години, а сега своите совети ги споделува на нејзиниот YouTube канал.

Неодамна во своето видео таа ги сподели најчестите грешки што и таа самата ги направила во минатото, а многу често ги прават сите останати.

Еве на што треба да внимаваме ако сакаме да заштедиме повеќе пари:

Не купувајте евтини или неквалитетни уреди и апарати

Можеби сметате дека сите апарати и уреди ја вршат истата функција, па не мора да трошите повеќе пари на поскапи уреди.

Според Квини, вреди да потрошиме повеќе пари за кој било поквалитетен уред, затоа што ако сме купиле нешто евтино, тоа значи дека ќе треба да го замениме побрзо, а на тој начин и да потрошиме повеќе.

Таа вели дека ова го научила на потешкиот начин - кога го купиле станот во Сиднеј во 2019-тата, таа купила евтин аспиратор за нејзината кујна, за што сега се кае.

„Најверојатно заштедивме 100 долари кога го купивме поевтиниот модел и знам дека ќе мора да го заменам затоа што не ја врши работата. Мислам дека многу подобра финансиска одлука е да потрошите малку повеќе на нешто што би траело подолг временски период“ - вели таа.

Jutuberka-so-zashteda-od-225-000-evra-dava-soveti-kako-da-zashtedite-pari-Postojat-cetiri-greshki-shto-site-gi-pravime-02.jpg

Бидете економични, а не евтини

Иако можеби ви се чини дека да се биде економичен значи да ги купувате најевтините работи, според оваа јутуберка постои огромна разлика помеѓу двата поими.

„Тежнеам кон тоа да бидам постојано економична. Се трудам да ја најдам најдобрата понуда, да ги намалам сметките, особено кога станува збор за интернет, електрична струја и телефон“ - напоменува Квини.

Таа вели дека е клучно да знаете кога да трошите пари, а кога да штедите. Како што вели, во ред е да потрошите пари за да ги почастите членовите на семејството или пријателите или да отидете на одмор, па дури и кога се обидувате да заштедите.

Таа вели дека се обидува да заштеди така што внимава на сметките, но и на непотребните трошења како, на пример, при пазарењето од помали продавници што често е поскапо отколку да пазарите во супермаркет. Но, тука не постои правило, па мора да ги следите цените и попустите.

Jutuberka-so-zashteda-od-225-000-evra-dava-soveti-kako-da-zashtedite-pari-Postojat-cetiri-greshki-shto-site-gi-pravime-03.jpg

Не купувајте работи што губат вредност

Таа вели дека не треба да купувате нови работи, што потоа брзо би изгубиле цена на пазарот. Според неа, најдобро е овие работи да ги купите на „втора рака“, односно од оглас или во продавници за половни предмети, затоа што на тој начин можете да најдете работи што се речиси нови, а веќе изгубиле на цена.

Според неа, доколку имате можност, тогаш вложувањето во акции и имот се добар начин да заработите повеќе, затоа што речиси секогаш нивната цена се зголемува.

Jutuberka-so-zashteda-od-225-000-evra-dava-soveti-kako-da-zashtedite-pari-Postojat-cetiri-greshki-shto-site-gi-pravime-04.jpg

Живејте со помалку отколку што имате

Таа вели дека ако сакате да бидете финансиски успешни, тогаш секогаш треба да живеете со помалку од она што го заработувате.

„Знам дека можеби некогаш може да паднете во искушение и да се почастите веднаш штом ќе почнете да заработувате дополнителни пари, но мислам дека е важно да избегнувате да го 'кревате' животниот стандард веднаш штом ќе добиете покачување“ - вели таа.

На овој начин, според неа, може да заштедите пари и да вложите повеќе во вашата иднина, наместо да потрошите сè што имате веднаш.

Советите на Квини можете да ги проследите во целост во приложеното видео:

Б. С. Б. | Црнобело / Фото: Freepik

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Шеф од Хрватска ангажирал приватен детектив да ја следи вработената дали навистина е на боледување Вработена во Хрватска побарала денови од одмор, шефот не ѝ одобрил. Земала болед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg