Причината поради која на работа ми беше ужасно и си дадов отказ

„Навистина работев премногу, а бев платена премалку.“ „Одлучив дека е време да се погрижам за моето ментално здравје.“

prichinata-poradi-koja-na-rabota-mi-beshe-uzhasno-i-si-dadov-otkaz-01.jpg

Си ја сакате ли работата? Сте собрале ли храброст досега да си дадете отказ од некое работно место?

Луѓе на Reddit споделуваат искуства зошто си дале отказ:

„По 7 години работа на исто место си дадов отказ. Компанијата беше лошо организирана, работев работа најмалку за тројца различни луѓе и се чувствував многу потценето. Еден ден ми дојде преку глава и дадов отказ.“

„Мојата работа беше здодевна, но добро платена. Поради пандемијата работевме долго време од дома, потоа ни рекоа дека се враќаме во канцеларија, но јас сфатив дека ми е поубаво да работам од дома и останаа глуви за моето барање. Така одлучив да дадам отказ и да си најдам друга работа која ќе можам да ја работам од дома.“

„Почнав да си барам нова работа само поради мојот шеф. Буквално од првиот ден на работното место не го поднесувам.“

prichinata-poradi-koja-na-rabota-mi-beshe-uzhasno-i-si-dadov-otkaz-02.jpg

„Затоа што работев навистина напорна физичка работа. Келнерка со доооолги работни часови, треба ли да кажам повеќе?“

„Си дадов отказ откако со пандемијата се освестив дека животот е прекраток за секој ден да минувам 8 часа во канцеларија, 5 пати неделно работејќи работа што не ме исполнува.

Работата не ми беше ужасна, но чувствував дека не е значајна. Чувствував дека не влијаам позитивно врз светот на никаков начин, а длабоко во себе сакав да направам промена.“

„Директорот ми беше ужасен и ги унапредуваше новите неискусни вработени само затоа што почнуваа да спијат со него. Ми се смачи, си дадов отказ.“

„Навистина работев премногу, а бев платена премалку.“

„Одлучив дека е време да се погрижам за моето ментално здравје. Конечно фокусот да биде на мене.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg