Како да одговорите на најчестите прашања на интервју за работа за да оставите добар впечаток?

Избегнувајте прашања од типот:

„Кога ќе добијам унапредување?“

Добро е да имате амбиции и да сакате да се движите напред, но со ова прашање ќе оставите лош впечаток. Многу подобро е да прашате дали има можност за напредок во оваа фирма.

kako-da-odgovorite-na-najchestite-prashanja-na-intervju-za-rabota-za-da-ostavite-dobar-vpechatok-10.jpg

„Кога ќе можам да земам одмор?“

Не би било добро да прашувате за слободни денови уште пред да ве примат на работа. Одморот секако ви следува по закон, па почекајте пред да почнете да дискутирате за ова.

Дополнителни совети за успешно интервју:

Истражете за компанијата пред да одите на интервју. На овој начин ќе бидете подобро подготвени, но и ќе покажете поголем интерес за новото работно место.

Не откривајте доверливи информации за претходното работно место. Не зборувајте за предизвиците, финансиските проблеми или што било слично за компанијата што сте ја напуштиле. Во спротивно, ќе изгледате како недоверлива личност.

Вежбајте ги вашите одговори. Истражете кои се најчестите прашања и истражете повеќе за тоа како е најдобро да ги одговорите.

Обрнете внимание на говорот на телото – седете исправено и избегнувајте ги нервозните гестови како тропање со нога и слично.

Пристигнете 10-тина минути порано. Немојте да доцните за интервјуто, но и немојте да пристигнете многу рано, како половина час.

kako-da-odgovorite-na-najchestite-prashanja-na-intervju-za-rabota-za-da-ostavite-dobar-vpechatok-13.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg