Жена со искрена исповед: „Од каков тип на разведени мажи треба да бегате?“

„До крајот на викендот, јас веќе не бев кандидат за девојка туку за терапевт“ – колумнистката Јана Хокинг повторно има нова колумна инспирирана од нејзините лични искуства, овојпат сконцентрирана на врските со разведени мажи.

zhena-so-iskrena-ispoved-od-kakov-tip-na-razvedeni-mazhi-treba-da-begate-01_copy.jpg

Разведените мажи се слободни да продолжат со животот и да ја побараат среќата со некоја друга жена, но австралиската колумнистката Јана Хокинг во својата колумна за News.com.au, водена од сопствените искуства открива дека не сите разведени мажи се „зрели“ за нова врска.

zhena-so-iskrena-ispoved-od-kakov-tip-na-razvedeni-mazhi-treba-da-begate-02.jpg

Од каков тип разведени мажи треба да бегате според неа?

Прочитајте ја нејзината колумна:

„Не е тајна дека сакам редовно да проповедам за предностите кога се гледате со разведен маж. Да, стојам до тврдењето дека разведените мажи се дел од неоткриениот пазар кон кој треба да се свртиме.

Не се вистински професионалци на Тиндер, не научиле дека е сосема во ред некого да поканиш на состанок преку порака и одлучни се да си ги поправат грешките од минатото и да бидат подобри.

Но, се плашам дека морам да направам неколку корекции. Не се сите разведени мажи зрели за врски. Не. Ова го открив пред неколку месеци кога требаше да отидам на романтичен одмор со еден таков господин.

Се запознавме на Инстаграм и имавме прекрасен состанок, кога го посети мојот град... Грешам, бевме на два одлични состаноци. Кафе наутро и вечерта се сретнавме за коктели.

Меѓу нас имаше искри, постојано разговаравме и на прв поглед видливо беше дека се привлекуваме. Па затоа, можеби избрзав со планирањето заеднички викенд по само еден состанок, но, како што реков, летаа искри.

View this post on Instagram

A post shared by Jana Hocking 🦁 (@jana_hocking)

Имавме убава вечера и потоа отидовме дома да гледаме филм и да пиеме вино, затоа што требаше да станеме рано следниот ден.

Но, ова нека ви биде добра лекција: Не одете да дегустирате вино, ако имате тежок ментален товар. Да, виното навистина прави да си ги кажете сите маки.

Првиот знак на опасност беше кога спомна колку му недостасуваат децата. Значи, нема ништо лошо во тоа – но чувствував дека тој повеќе би сакал да биде дома со децата, отколку да се шета низ винаријата.

Брзо ми стана јасно дека сѐ уште нема поминато многу време од разводот и дека сѐ уште се справува со фактот дека не може да ги гледа своите деца секој ден и навистина ми се кршеше срцето за него.

View this post on Instagram

A post shared by Jana Hocking 🦁 (@jana_hocking)

Вториот знак дојде откако тој опуштено ми рече: ‘Не, не верувам дека повторно ќе бидам во врска. Најверојатно ќе останам сингл’...

Само да ве потсетам дека ние бевме на романтично патување, опкружени со винарии и СПА центри и ливчиња од рози.

Додека стигнавме до втората винарија, тој почна отворено да зборува за минатата врска. Офф! Мислам дека е здраво да зборувате за работите што ве вознемируваат, но најверојатно не со личноста со која сте на состанок.

До крајот на викендот, јас веќе не бев кандидат за девојка, туку за терапевт.

Успеавме да ја најдеме причината за сите негови проблеми и да направиме план како да успее повторно да се врати во нормала. Јас сум пресреќна за него, но да ви кажам дека искрите веќе не летаа.

На крајот, најдов изговор за да ме однесе на аеродром неколку часа порано од планираното и си дадов ветување дека ја научив лекцијата. Нема веќе гледање со мажи што само што поминале низ развод.

Затоа мојата грешка нека биде лекција за сите вас – мора да постои барем една година период од разводот пред да се обидете да влезете во врска со разведен маж.

Дозволете му да се справи со борбата за старателство, да ја процесира болката, да побара терапија и да помине низ сексот за забава“.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg