Упатство за жени: Како да сакате маж?

Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде нетрпелив, понекогаш ќе ви биде тешко да се справите со неговите промени во расположение, но разберете дека вие не сте единствените на кои им е дозволено да се лутат и да драматизираат.

upatstvo-za-zheni-kako-da-sakate-mazh-01.jpg

И мажите имаат потреба од нежност, збор за поддршка и охрабрување кога работите не им одат од рака и ова го очекуваат од нивната партнерка, особено во миговите на најголеми бродоломи.

Како всушност да сакате маж?

Дадете му слобода да ги прави работите што ги сака

Не го ограничувајте, не го гушете со љубомора – вистината е дека ако ве сака, никогаш нема да направи нешто за да ве повреди. И тој има свој живот, како и вие. Вие не сте целиот негов свет, вие сте само дел од неговиот свет.

Внимавајте на реципроцитетот

Правете и вие работи за него. Прашајте го како е, сакајте го посилно кога минува низ тешки мигови, бидете трпеливи кон него, како што е тој кон вас.

Разберете го

Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде нетрпелив, понекогаш ќе ви биде тешко да се справите со неговите промени во расположение, но разберете дека вие не сте единствените на кои им е дозволено да се лутат и да имаат промени во расположението.

upatstvo-za-zheni-kako-da-sakate-mazh-02.jpg

Посветувајте му внимание

Исто како и вие, и нему му е потребно внимание. Му треба потврда, му треба да знае дека е единствениот за вас и нема потреба да му давате причина да се сомнева во тоа.

Почитувајте го

Почитувајте ги неговите избори и одлуки и дадете му ги просторот и времето кои ги заслужува.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg