„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпат кога спиев со некого?“

po-traumatichnoto-detstvo-i-zagubata-na-sinot-stanav-zavisnichka-od-seks-kako-se-chuvstvuvav-sekojpat-koga-spiev-so-nekogo-04.jpg

Две години откако ја завршила врската со Е, Аманда започнала да се гледа со друго момче, кое го нарекува М.

Но, наместо да се посвети на врската со новото момче, Аманда продолжила да се гледа и со други мажи, а своите неверства ги чувала во најголема тајност.

Како и секоја тајна, така и оваа излегла на површина, па така М ѝ раскинал кога дознал за аферите.

„Бев хистерична. Чувствував дека не можам да ги контролирам емоциите и размислував да посегнам по сопствениот живот.

Јас имам мошне големо его и тоа е една од причините заради која станав зависник од секс.

Во моментот кога го загубив егото, не сакав да живеам повеќе“ – рече таа.

po-traumatichnoto-detstvo-i-zagubata-na-sinot-stanav-zavisnichka-od-seks-kako-se-chuvstvuvav-sekojpat-koga-spiev-so-nekogo-03.jpg

Што е најинтересно, Аманда вели дека во тој период, воопшто не ни помислувала дека има проблеми со зависност со секс.

Сметала дека зависниците од секс треба постојано да гледаат порно филмови или да имаат голем број авантури за една ноќ, но таа не го правела тоа.

Таа вели дека верувала дека нејзиниот начин на живот е сосема нормален, здрав сексуален живот (како што научила уште од мала и дека само ги задоволувала сопствените потреби, како што тоа го прават мажите).

„Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задоволство, или затоа што ми се допаѓаа мажите.

Јас го користев сексот заради чувството што следуваше потоа и моќта што ја имав над мажите, што ми правеше да уживам.

Сакав да направам мажите да се чувствуваат минијатурно во споредба со мене“ – вели Аманда и признава дека воопшто не ѝ било жал што ги повредила луѓето.

po-traumatichnoto-detstvo-i-zagubata-na-sinot-stanav-zavisnichka-od-seks-kako-se-chuvstvuvav-sekojpat-koga-spiev-so-nekogo-07.jpg

По ова, таа почнала да оди на состаноци за секс зависници и го прифатила Будизмот.

Самата признава дека на првите состаноци не можела да се прифати себеси како зависничка од секс и не верувала дека местото ѝ е таму, сѐ додека еден од пријателите што ги стекнала таму не ѝ појаснил што всушност претставува зависноста.

„Зависност не е нешто што го правиш секој ден, туку нешто над кое немаш моќ (да го контролираш)“.

Аманда вели дека токму овие зборови ја натерале да прифати дека навистина има проблем и да побара начин да си помогне.

Долгогодишната работа врз себе и врз сопственото ментално здравје ѝ помогнало полесно да се справи со зависноста.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...

Најчитани неделава