Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 знаци дека свекрвата пробува да ви создаде проблеми во бракот

Доаѓа ненајавена, ве критикува или, пак, ве игнорира без причина - кои се знаците дека вашата свекрва можеби пробува да ви создаде проблеми?

7-znaci-deka-svekrvata-probuva-da-vi-sozdade-problemi-vo-brakot-01.jpg

Вистински благослов е да имате свекрва со која се цените и почитувате.

Но, за жал, постојат и токсични луѓе кои некогаш дури и несвесно пробуваат да создадат проблеми во животот на другите, дури и нивните најблиски.

Не можете да направите многу ако имате токсична свекрва, но можете барем да ги препознаете знаците дека пробува да ви создаде проблеми, па да се дистанцирате.

Седум знаци дека си имате работа со лоша свекрва:

Постојано ви дава совети што не сте ги побарале

Ако вашата свекрва постојано ви кажува што и како да правите, особено кога не сте го побарале тоа од неа, тоа е знак дека е токсична личност.

Едно е да сака да ви помогне, но сосема друго е да омаловажува сè што правите бидејќи со ова покажува дека нема добро мислење за вас.

Откажува планови во последен момент или ви доаѓа на гости ненајавена

Нормано е свекрвата да сака да ве посети – сепак вие сте семејство. Но, ако има навика да се појави пред врата кога ќе ѝ текне, тогаш не го почитува вашето време и вашата приватност.

Од друга страна, не е во ред и ако постојано откажува планови во последен момент бидејќи и со ова покажува непочитување за вас.

7-znaci-deka-svekrvata-probuva-da-vi-sozdade-problemi-vo-brakot-03.JPG

Купува несоодветни подароци

Треба да постојат граници и во купувањето подароци. На пример, можеби свекрвата се натпреварува за роденденот на вашиот партнер секогаш да му купи многу поскап подарок од вас.

Уште полошо ако потоа ви пререкува дека сте потрошиле малку пари за партнерот.

Генерално, штом со подарокот ве омаловажува и прави да се чувствувате неубаво, тогаш свекрвата можеби има и некоја задна намера.

Ви дава подароци, но со услов

Навистина убаво ако свекрвата сака да ви купува подароци, а и вие неа. Но, ако овие подароци се со некаков услов, тогаш веројатно нема добра намера.

Можеби, на пример, ќе ви купи некој поскап накит, а потоа постојано да ви спомнува колку многу пари дала за вас.

Или, пак, да очекува да ѝ купите нешто поскапо, дури и ако е свесна дека не сте во можност да трошите многу пари на подароци.

Ве игнорира

На сите ни е јасно дека штом некој не игнорира, тогаш не му се допаѓаме. А, кога е во прашање вашата свекрва, не е лесно да го занемарите ова бидејќи сепак е дел од вашето семејство.

Штом свекрвата ве игнорира, а не сака да разговарате за проблемот меѓу вас, ова е знак дека е токсична личност.

7-znaci-deka-svekrvata-probuva-da-vi-sozdade-problemi-vo-brakot-7.JPG

Никако не можете да ѝ удоволите

Без разлика колку се трудите, без разлика што ѝ да направите, од свекрвата добивате само критики. Овие критики може да се однесуваат на сè – од начинот на кој ги воспитувате децата, до храната што ѝ ја приготвувате.

Ваквата личност е невозможно да ја задоволите и секако дека ќе ви создава проблеми.

Ве озборува

Членовите на семејство се луѓе кои никогаш не би сакале да ги озборуваме.

Па, ако свекрвата без проблем ве озборува и кажува сешто за вас, дефинитивно е токсична личност.

7-znaci-deka-svekrvata-probuva-da-vi-sozdade-problemi-vo-brakot-06.JPG

Како да се справите со свекрвата што ви создава проблеми во бракот?

Најпрво, важно е да разговарате со вашиот партнер и да му укажете на проблемот ако самиот не го гледа. Замолете го и тој да разговара со мајка му и да ви даде поддршка.

Препорачливо е да разговарате и со свекрвата. Немојте да се расправате, туку смирено замолете ја да ви каже дали има причина за нејзиното однесување и прашајте ја како можете да го решите проблемот.

Ако сметате дека проблемот е нерешлив, тогаш ограничете ги средбите со неа што е можно повеќе. Поставете граници во односот и не отстапувајте од нив.

Истовремено, немојте премногу личност да го сфаќате нејзиното однесување. Секако, ова е полесно да се каже отколку да се направи, но вака барем ќе се поштедите од стрес и нервози.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не се мажи за мажот што може да ти купува скапи работи, туку за мажот што вистински се грижи за тебе Омажи се за маж што пред сè сака ти да бидеш добро. Омажи се за мажот што се пој...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg