„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“

„Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по хотели, базени, клубови? Никогаш тоа нема да ми биде јасно“ или „Ах, само јас ли имам фирма каде што сме нормални на тим билдинг?“... Во која група спаѓате вие?

tim-bilding-e-ednakvo-na-razvrat-ozheneti-mazhi-i-omazheni-zheni-so-aferi-po-hoteli-01_2.jpg

Дали компанијата каде што работите организира тим билдинзи? Тие се одличен начин за градење и зајакнување на односите, комуникацијата и соработката меѓу вработените во една компанија.

Ја подобрува тимската работа и ефикасноста, ја зголемува меѓусебната доверба, поттикнува на комуникација и решавање на конфликти.

Од заеднички игри кои бараат тимска работа до разни работилници, тим билдингот може да биде од различен тип.

Но, често овие групни собиранки се поистоветуваат со блуд и разврат.

Но, дали е виновен тим билдингот или едноставно неморалот на луѓето, кои би извршиле неверство и во друга средина, независно од условите?

На српскиот форум „Исповеди“ отворена е оваа тема, а луѓето даваат интересни коментари и ги споделуваат своите ставови.

На темата: „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по хотели, базени, клубови? Никогаш тоа нема да ми биде јасно“ коментарите гласат:

„Апсолутно потврдувам. Имам 29 години и ова е третата фирма во која работам. Во сите три, на сите тим билдинзи, луѓето се спојуваа и правеа разни работи.

Најлошо е што тоа најмногу го прават оженети и омажени. На последниот тим билдинг ми пријде колега и директно ми понуди секс!

Наредниот ден, другар ми кажа дека му отишла мажена жена, се опила и го поканила на секс. Се работи за ИТ компании“.

„Ах, само јас ли имам фирма каде што сме нормални на тим билдинг?“

„Работев во две банки и можам само да потврдам дека е разврат. Секако, секогаш има исклучоци“.

„Па, тие што одат да прават разврат на тим билдинг е нивна работа, за другите не служи за тоа“.

„Не сакам дружење, алкохол не пијам, а на работа одам само за плата, не за да стекнам пријатели. Ако некој тим билдинг би бил задолжителен, би ја напуштила фирмата без двоумење“.

„Што, да ги затвориме сите мажени и женети дома и да им ставиме решетки како во затвор?“

„Еве, во мојата фирма има тим билдинзи секои неколку месеци. И никој никого не освојува и супер се дружиме. Никаков разврат!“

Повеќе коментари на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg