Работи кои таа не треба да ги знае

raboti-koi-taa-ne-treba-da-gi-znae

Секој маж има љубовно минато, мали ситни тајни и приватни работи кои на почетокот од врската не сака и не треба да ги открие.

Дури и во подолгите врски, обидете се некои работи да ги оставите само за себе, некои работи никако не треба да се спомнуваат пред новата девојка:

Бројот на љубовници и сексуални подвизи
Иако тоа е една од работите со кои се фалите пред пријателите, темата за бројот на сексуалните партнерки, прескокнете ги. Секако жените ќе прашаат, но не морате баш се да им кажете. Признавањето за сексот за една ноќ, авантурите и сличните работи само ќе повлечат уште прашања.

Трошоци и висина на плата
Ако не живеете заедно, девојката не мора да има увид во вашите финансии, висината на вашата плата или телефонската сметка. Но, кога живеете заедно и имате заеднички трошоци, повторно одредени работи треба да задржите за себе, вашата жена или девојка не мора да знае колку трошите кога излегувате со пријателите или колку чини вашиот нов мобилен телефон.

Семејни тајни и односот со родителите
Иако имате работа, пријатели и  девојка, не мора да значи дека од време на време не ви требаат родителите, било да се работи за финансиска помош или услуги кои вие ним им ги правите. Немојте на девојката да и ја кажувате секоја ситница од вашиот однос со родителите бидејќи така ќе има контрола над вашиот живот што подоцна може да ви се свети.

Своите слабости и стравови
Ако пред девојката постојано зборувате дека се плашите од стоматолог, височина или друго нешто, таа ќе помисли дека не може да се потпре на таков маж. Пред девојката, иако не сте, глумете силен маж.

Активности во бањата
Повеќето мажи немаат срам околу разговорите за WC активностите, а исто така повеќето жени тој обичај го мразат. Колку пати, кога и зошто одите во бањата, оставете го за себе, бидејќи тоа навистина, никој друг не го интересира.

Тајните на вашите пријатели
Некои парови редовно ги озборуваат пријателите и нивните врски, но тоа не е секогаш паметно. Ако вашиот најдобар пријател ја изневерува девојката, а вие со него често излегувате, само е прашање на ден кога тоа ќе предизвика бес кај вашата партнерка.

Статистика за мастурбирањето
Многу мажи кои што имаат редовен секс и понатаму продолжуваат со својата омилена навика, секојдневната мастурбација. Самозадоволувањето само по себе не е лошо, но неговото спомнување во разговорот може да предизвика компликации. Таа може да помисли дека не е доволно добра или дека вие всушност сакате секс со некоја друга.

Подароци и работи од бившите девојки
Дури и ако имате полна куќа работи кои ви ги подариле бившите девојки, тоа немојте да го спомнувате. Секој пат кога вашата сегашна девојка или жена ви го види тоа ЦД, маица или парфем, ќе добие желба да го фрли или да го сокрие од вас. Причина е љубомората, но  во овој случај таа навистина може да се надмине.

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg