Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Врски: Некои детали се непотребни

vrskadetali_small.jpgЧесто се споменува дека една од најважните работи за врска е искреноста, бидејќи без неа не може да се воспостави доверба помеѓу партнерите. Меѓутоа, тоа не значи дека е неопходно на саканата личност да и го соопштите секој детал за се ама баш се, така што нешто би можело да има повеќе негативни одошто позитивни последици.

Секако дека од саканата личност не треба да сокриете нешто што е важно за обајцата како пар, што би можело да влијае било на вас, било на партнерот/партнеркакта, било на обајцата (нема да соопштите се на почетокот на врската, но со текvrskadetali.jpg на време тоа што е битно треба да се каже).

Сепак, не е неопходно да се знае баш секоја ситница за саканата личност, како ни да се каже ама баш се што ќе ви падне на памет - „детална искреност“, која некој пат може да биде симпатична, но некој пат може и да пречи. На пример не сакате да чуете дека во тој фустан задникот ви изгледа поголем одошто е, нели. Ниту пак дека здивот на саканата личност и мириса, а тој/таа долго време мака мачи со тоа.

Како да се одреди каде е границата, што треба да се каже, а што не, што комотно можете да премолчите? Во принцип, не треба да и се каже на саканата личност нешто што би ја повредило, освен ако тоа не е неопходно да се соопшти. А не е  неопходно да  се каже секоја ситница - да речеме, навистина ви оди на нерви неговата маица со детски натпис, тоа слободно можете да го премолчите, него тоа би го навредило, а таа маица со време ќе му досади.

Доколку вистината која имате да ја соопштите на некој начин нема да биде конструктивна за вашата врска, ако повеќе ќе пречи отколку што ќе помогне, тогаш треба да се сетите на поговорката дека постојат вистини кои никому не му се потребни, а тоа што не е потребно слободно може и да се премолчи.

Би можело да ве интересира:

Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
Те молам, почекај ја личноста која ќе ти ја направи љубовта лесна! Учиме дека љубовта што вреди е тешка. Хаотична. А јас сум тука да кажам дека тоа...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...
5 знаци дека сте направиле грешка со вселувањето со партнерот (и не сте компатибилни за брак) Партнерот не ја почитува вашата приватност и воопшто не се ангажира околу домашн...
„Кога ќе се омажиш, веднаш се закопуваш“, ми кажа татко ми - но мене бракот ми го разубави животот „За едно сум посебно благодарна - што татко ми со своите приказни сепак ме научи...
„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg