5 жени раскажуваат: Зошто го изневерив мојот сопруг?

Неважно од која причина, неверството е најголем непријател на една врска. Дури и ако другата страна одлучи да премине преку тоа, нарушената доверба често го нагризува односот, а ретки се оние кои по неверството продолжуваат среќно во бракот..

vistinski-prikazni-5-zeni-i-nivnite-pricini-za-neverstvo-01

Ова се 5 вистински животни приказни на жени кои ги изневериле своите мажи:

1. Барав утеха

„Од денот кога се омажив за него знаев дека е грешка. Беше пасивно агресивен и сакаше да ме контролира. Очекуваше дека ќе дадам отказ за да останам дома да се грижам за децата и за куќата.

Брзо по првата година од бракот почнав да го изневерувам со еден од колегите со кои работев. Не се залажував дека се работи за љубов, но имаше ситуација која ми ги отвори очите.

Бев со некој со кој се чувствував добро, ми даваше поголема самодоверба, ме смееше и ме почитуваше заради тоа која сум и не сакаше да ме претвори во нешто друго.

Таа афера  ми помогна да се пронајдам себе и да ги откријам своите желби, ми даде сигурност дека можам и сакам да живеам без него.

Да не се случеше ваквата ситуација прашање би било дали некогаш ќе побарав развод. Сега, 25 години после тоа, омажена сум за прекрасен маж со кој се согласуваме и не се обидуваме да се промениме“. (Елизабет, 50 год.)

vistinski-prikazni-5-zeni-i-nivnite-pricini-za-neverstvo-3.jpg

2. Си замеривме

„Се омажив на 22 години, а по венчавката сè се промени. На почетокот двајцата не можевме да дочекаме да имаме семејство и да добиеме деца, но одеднаш престанав да се чувствувам така.

Се посветив на работата која ја сакам и децата некако не се вклопуваа во таа слика. Тој беше повреден заради тоа и почна да ми замерува.

Тогаш почнаа кавгите, а јас почнав да му замерувам затоа што тој ми замерува и постојано само се повредувавме.

Иако инсистирав на секс со кондом една вечер го забележав како го кине, бидејќи сакаше да останам бремена.

Тогаш престана нашиот сексуален живот. Подоцна запознав еден маж на интернет со кој се гледав скоро година дена, додека не ме откри сопругот.

Но, сепак, и покрај сè љубовта меѓу нас не беше исчезната и сакавме да му дадеме втора шанса на бракот. Почнавме да одиме на поединечни и брачни психолошки терапии и успеавме да останеме заедно. Но, она што го научив на крајот беше дека не е целата вина до мене, туку 50 отсто е негова“. (Ванеса, 28 год.)

Уште 3 вистински животни приказни на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg