Пријателство помеѓу маж и жена – мит или..?

Прашањето би гласело вака: „Дали е можно мажите и жените да се социјализираат без да ја ставаат во прашање сексуалната привлечност, тензијата, пасијата и да останат во пријателска врска? “

На ова прашање, кое е често тема за размислување и дилеми, нема еден точен одговор. Секој од нас искусил различна ситуација. Дел од нас верува дека „таа“ и „тој“ можат да бидат само пријатели, а други би стоеле зад тезата дека тоа е невозможна мисија – ако двајца во пријателството се од различни пола, многу е голема веројатноста дека еден од нив ќе чувствува нешто повеќе од само пријателство.

Многу луѓе веруваат дека спротивните полови во пријателската врска кријат сексуални намери, или барем еден од нив (најчесто машкиот пол) сонува за тоа. Кога станува збор за платонска љубов, не постои сексуална активност, но многу често се јавува сексуалната привлечност. Општо верување е дека сексуалната тензија е неизбежна помеѓу хетеросексуални спротивни пола, кои се дружат интезивно.

Искуството кај една жена вели дека пријателство не може да постои, освен ако мажот или жената сеfriends хомосексуалци.
Други тврдат дека постоењето на пријателство помеѓу двајца од различни пола постои; тоа се луѓе кои имаат исти гледишта за врската која ја негуваат, и како таа би се одвивала зависи само од нив.

Постојат пријателства кои се дојстони за почит. Некои велат дека пријателството помеѓу маж и жена можат да бидат многу поискрени и поблиски одколку пријателства помеѓу два исти пола.

Некои сметаат дека пријателството им е премногу важно и големо, така што едноставно не вреди да се ризикува влегување во врска, што може да испаде најголемата грешка во својот живот. Оние кои од пријатели стануваат љубовници, ризикуваат многу, но најверојатно затоа што се сигурни дека поинако не би можеле да функционираат.

Во основата на пријателствата лежат интереси и самоувереност, а не полови разлики. Мажите веруваат дека пријателствата со жена се високо ценети затоа што тие можат да ги искажат своите чувства, да ја покажат својата емотивна страна, а при тоа да не бидат исмејани и да не го загубат машкото его. Жените тука лесно се вклопуваат бидејќи тие се одлични слушатели, внимателни и ја сметаат сентиметалната страна кај мажите како храброст. Тие сакаат да си замислуваат дека имаат до себе „брат“ до кој се чуствуваат сигурни и заштитени.

Ваквото пријателство делува како еден совршен механизам, склоп на совршена потпора еден за друг. Линијата помеѓу тоа да сакаш некој како пријател и да сакаш некој како љубовник е многу тенка и често е збунавачка.

Би можело да ве интересира:

„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg