Писмо до поранешниот сопруг: Порно филмовите те уништија и тебе и нас

Многу често се мисли дека единствени логични причини за развод се неверството или семејното насилство. Но, понекогаш тоа се причини за кои никој нема да ви поверува.

pismo-do-poranesniot-soprug-toa-sto-tebe-ti-trebase-ne-unisti-nas-01

Некои луѓе се одлични како родители, паметни, образовани, стабилни, духовити и се чини дека се совршени. Сепак, нем а човек без маани, а понекогаш тоа можат да бидат и мрачни тајни.

Некои причини се можеби несфатливи за околината, но главните виновници многу добро се разбираат и затоа не инсистираат.

Една таква необична причина се открива и во писмото на една жена до својот поранешен сопруг:

„Порно филмовите те уништија. Нè уништија нас. Кога луѓето ме прашуваат зошто не сме заедно, зошто сум оставила таков прекрасен сопруг, духовит и паметен, одличен татко, што да им кажам?

Им велам дека проблемот е во мене. А не е. Проблемот е во твојата опседнатост со порнографија. Тоа нас полека нè убиваше. Но, тоа не можам да им го кажам...

И јас го сакам сексот. Но, тоа е нешто друго...Бевме 6 месеци заедно кога ги најдов доказите за твоето тајно „хоби“. Се насмеав и помислив – мажи ко мажи. Но, потоа сфатив дека работата е многу посериозна.

Зошто останав? Бидејќи беше одличен. Разговаравме за сè, се забавувавме. Си реков дека сексот не е сè и дека има толку добри работи во нашиот брак. Помислив дека ќе се смениш...

Веќе не спиевме заедно. Веќе не ти бев доволна. Почна да се криеш, со текот на времето ни мене веќе не ми беше грижа за сексот. Сè исчезна. И беше тешко.

Солзи, развод, деца кои не сфаќаат што се случува... Сега сум во нова врска. Сексот е добар. Онаков каков што сакам да биде.

Ти си сè уште сам. Луѓето мислат дека тоа е затоа што не си ме преболел. Но, јас знам зошто си сам. Бидејќи го имаш она што ти треба“.

Сте наишле вие на ваков или сличен проблем?

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава