Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Што кога ќе ја запознаеш бившата на твојот дечко?

Зошто сликата на бившите девојки не прави толку несигурни? Што имаат тие што немаме ние?

sto-koga-kje-ja-zapoznaeme-bivshata-na-nashiot-partner-01.jpg

Ова е искуство кое ќе ве натера да се ослободите од вашите нереални стравувања и да се ослободите од духовите на бившите кои ве прогонуваат.

„Бев на деловен состанок со директорката на една реномирана компанија. Откако си ги разменивме визит картичките, таа ја погледна мојата и ми кажа: „Вашето презиме? Познавав едно момче кое се презиваше така. Дали можеби вашиот сопруг се вика...?“ И секако, го изговори името на мојот сопруг.

„Ахаааа“ беше зборот на заклучување кој ме остави во уште поголемо незнаење и неизвесност.

„Знаете ние во еден период од животот се познававме и интензивно се дружевме. Бевме прилично блиски...“ – додаде.

Ах, нееее. Ме преплави тоа чувство на несигурност во комбинација со страв. Она чувство кога тлото под нозете ти е нестабилно и се мрда. Кога имаш чувство дека тектонската плоча под тебе се распаѓа и само една секунда те одвојува од темнината.

Само да не ми каже дека живееле заедно и дека биле подготвени да се венчаат. Да не ми открие дека со нејзе ги искусувал најубавите зајдисонца или магичните места каде небото и пустинската рамнина се претопуваат едно во друго.

Во напливот на кортикостероиди фрлам поглед во нејзината визит карта за да го забележам нејзиното име.

Никако сеќавање не ми се враќа. Воопшто не се сеќавам дека некогаш ми ја спомнал што е уште полошо.

Можеби е некое тивко патење или горчлива рана.

Можеби е некоја никогаш преболена љубов или жена која едноставно се одлучил да ја заборави.

И додека се обидував да ги затворам усните за да не прозборам ниту еден непосакуван збор и се обидувам да дојдам до здив таа продолжи:

„Мојата најдобра пријателка долго беше во врска со вашиот сегашен сопруг додека бевме на факултет. И ние интензивно се дружевме. Мојот тогашен дечко, мојата пријателка, вашиот сопруг и јас. Тогаш доаѓав кај нив заедно да учиме и да се дружиме.“

Веднаш си ги поврзав работите и сфатив за која бивша се работи и иако мозокот ми сигнализираше дека е време да се релаксирам, облакот на несигурност и натаму остануваше над мене.

Филмот во мојата глава продолжи.

Локомотивата на мисли брзо јуреше и повторно ми ја врати сликата на неговата бивша.

Мојот маж со неа бил во врска речиси 5 години и ми имаше кажано сè за неа.

Сликата од неа често ја споредував со себеси. Кои се нејзините мани, а кои силни страни. Кои предности, а кои негативни страни ги има над мене. Нејзината фотографија во ред ги поставуваше нејзините предности.

Таа беше послаба од мене, побујна на сите оние места каде треба да биде, спортистка.

Фотографија каде таа е во костим за капење и без трошка шминка. Изгледа како да е од насловна на некое модно списание.

Колку повеќе ја гледам толку понесигурна сум. Таа е жена од соништата. Сон на секој маж.

Ги гледав адутите на таа нејзина фотографија и капитулирав пред неа.

И потоа сфатив:

Ги замислувам сите тие бивши како кегли на траката за куглање и си посакувам сите нив со само едно фрлање на топката да ги однесам на она место каде треба да бидат.

Така пред мене патеката да остане чиста.

И на еден начин тоа и се случува баш затоа што се бивши, а јас сум „сегашна“. Тој сега е со мене. Баш поради тоа би им кажала Благодарам.

На еден начин не подготвиле нас двајца за она идеалното во кое сме сега.

И кога ќе одлучите или ненадејно ќе налетате на неговото минато, тоа нека ви биде прилика да се сетите дека тој е совршен онаков каков што е. Присетете се колку тој вреди.“

Би можело да ве интересира:

5 вистински приказни за љубовта кои не можат да ги измислат ни филмските сценаристи „Имам пријателка со луда фантазија. Ѝ се допаѓа еден тип што работи во истата зг...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Повозрасни жени откриваат: „Да бирав одново партнер, која карактеристика ќе сакав да ја има?“ „Клучно би ми било да знае да готви и чисти, а не да се однесува како дете за ко...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg