Писмо од жената која живее во сите нас: „Јас не сум таа која ќе живее во твојата сенка“

Јас не сум тип на жена која наоколу бара љубов. Јас не сум жена која се плаши да биде сама.

pismo-od-zenata-koja-zivee-vo-site-nas-jas-ne-sum-taa-koja-ke-zivee-vo-tvojata-senka-01.jpg

Јас сум жена која ќе сака со секое делче од срцето кога ќе ја сретне вистинската личност. Јас сум жена која ќе се грижи, ќе те изненадува, ќе биде добра и нежна, која ќе ти даде до знаење дека и значиш.

Јас сум жена која секогаш е подготвена да сака уште посилно. Сакам да ја знам твојата сила и твојата слабост. Сакам да знам кој ти е омилен начин да го поминеш неделното претпладне и што сакаш да правиш кога надвор грми. Сакам да знам за твоето детство и како минатото влијаело на личноста која си денес.

Јас сум тип на жена која сака да ја знае и најмалата ситница за тебе, така што ќе може да го сака секој дел од тебе.

Но, исто така јас сум жена која секој пат ќе се одбрани себеси. Нема да дозволам да ме малтретираш. Нема да дозволам да газиш. Знам колку вредам и сакам така да се однесуваш со мене.

Нема да ти дозволам да ми кажеш што смеам, а што не смеам да правам.

Јас сум тип на жена која не сака некој или нешто да ја понижува и контролира. Нема да ти дозволам да ја скриеш мојата личност пред твоите пријатели и шефови. Јас не сум жена која живее во твојата сенка. Јас не сум жена која ќе се повлече и ќе те гледа како ти ги правиш и донесуваш важните одлуки.

Ќе бидам до тебе, ќе правиме сè рамо до рамо. Сакам да седам покрај тебе. Сакам да одам со тебе чекор по чекор на овој свет, додека се држиме за раце.

Секогаш ќе бидам до тебе кога ќе стане тешко. Ќе ти бидам поддршка кога не знаеш што сакаш и ќе ги издржам сите предизвици на животот. Јас сум жена која никогаш нема да се сомнева во тебе.

Јас сум исто така онаа која ќе те турка нанапред. Која ќе ти помогне да бидеш најдобра верзија од себе, да го искористиш својот потенцијал. Нема да ти дозволам да седиш и да гледаш како животот ти поминува без во целост да го живееш. Сакам да знаеш колку си силен, колку си прекрасен. Сакам да се сакаш себеси толку колку што јас те сакам.

Сакам да се соочиш со своите стравови, а јас ќе бидам тука цело време затоа што знам што значи кога го гледаш стравот право во очи и полека го победуваш.

Јас сум тип на жена која секогаш ќе има искрено „јас“. Јас сум жена која нема да се менува како би ги задоволила другите. Јас сум жена која ќе носи лажна насмевка кога нешто однатре ме јаде.

Најважно, јас сум жена која ќе те сака со целото срце, тело и душа, но само ако тоа го заслужуваш.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...

Најчитани неделава