4 проблеми со кои се соочуваат тазе венчаните парови

Целиот стрес околу планирањето на совршената свадба помина, а помина и свадбената прослава и сите церемонии околу најважниот ден во животот на еден пар.

4-problemi-so-koi-se-soochuvaat-taze-venchanite-parovi-01.jpg

Сега е на ред тешкиот дел – бракот. Сите тазе венчани парови се соочуваат со неколку проблеми на почетокот од брачниот живот:  

Недостаток на време за себе

Многумина мислат брачните партнери треба да прават сé заедно. Да, заедно се будите, јадете, си легнувате, но тоа не значи дека треба цело време да го поминувате еден со друг. Често паровите се жалат дека немаат време за своите пријатели или за своите хобија и интереси. Одвојте малку време за нешто што ќе ве исполни, а не е поврзано со парнерот.

Кавги со семејствата

Сите тазе брачни парови кои живеат сами сакаат на почетокот да поминуваат повеќе време без родителите, роднините или пријателите. Поради тоа, најблиските некогаш знаат да се налутат што не им обрнувате внимание. Седнете и искрено објаснете им каква е ситуацијата, но сепак, не ги запоставувајте подолг период.

Недоволно уживање во сексот

Не е дека брачните парови немаат секс, туку во бракот сексот е поинаков. Претходно можеби не сте размислувале за деца, а сега сексот го поврзувате со тоа. Имајте на ум дека сé уште може да уживате во сексот и дека тоа е пред сé убав начин да се поврзете со партнерот.

Справување со критики

Бракот со себе носи нови искушенија и потешкотии кои треба да се надминат. Зачестуваат критиките од двете страни за секојдневни работи како на пример зошто не се фрлило ѓубрето. Справете се со критиките на зрел начин, со разговор во кој ќе покажете интерес и желба за решавање на малите проблеми.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...

Најчитани неделава