Исповеди на мажи: Како изгледа „идеалното“ раскинување?

Иако никој не сака да биде оставен, сепак неколку мажи се доволно храбри за да раскажат какво би било „идеалното“ раскинување?

ispovedi-na-mazi-kako-izgleda-idealnoto-raskinuvanje-001.jpg

Па, девојки, доколку имате ваков план, а не сакате никој да биде повреден, запаметете:

„1.Лично, очи во очи. 2.На приватно место. 3.Искрено. Да ми објасни зошто раскинуваме. Без не е до тебе, до мене е оправдување.“

„Најдобро е да ми даде причина малку да ја замразам, барем во прво време. Така ќе ми биде побезболно.“

„Сметам дека последната девојка ми раскина идеално – без драма, без замачкување очи. Едноставно, ми кажа дека повеќе не чувствува ништо за мене и не смета дека имаме иднина.“

„Како и да ми раскине, само не сакам да слушнам дека може да останеме пријатели. Не. Не можеме.“

„Биди директна, искрена и не почнувај да се гледаш со некој утредента откако си ми раскинала. Тоа би било тоа што сакам да го знаат сите мои идни девојки.“

„Би сакал да биде како вадење фластер. Болно, но брзо.“

„Очекувам девојката да ми даде некакви знаци пред да ме остави. На пример, заладувањето на односите одреден период е идеално за да разберам на каде се движи работата и психички да се подготвам.“

„Мажите сакаат да ги знаат деталните причини зошто врската завршува и јас спаѓам во таа група. Нека не ве мрзи да наброите што не ви одговарало.“

„Штом веќе ме остава и повредува, би сакал тоа да биде искрено и да ми остави простор да си заминам како маж, без да ми ја потценува интелигенцијата.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg