15 идеи за пролетни љубовни состаноци

Пролетта ни донесе многу промени на секое поле, но доколку ја запоставивте љубовта, време е да внесете свежина.

15-idei-za-proletni-ljubovni-sostanoci-01.jpg

Оваа прекрасна сезона нуди многу идеи за тоа како да го поминете времето со вашиот партнер, а да не западнете во монотонија.

Зависно од тоа каков тип на луѓе сте и какви се вашите интереси, сигурно ќе пронајдете барем неколку идеи кои ќе ви се допаднат за да ја зачините љубовта.

Неколку идеи како да уживате во пролетта со партнерот:

1. Излезете во природа и возете велосипеди или ролерки.

15-idei-za-proletni-ljubovni-sostanoci-02.jpg

2. Бидете туристи во сопствениот град и истражете интересни места.

3. Наполнете ја кадата и одвојте време само за вас двајца, во романтична атмосфера.

15-idei-za-proletni-ljubovni-sostanoci-03.jpg

4. Одете на пикник во природа со корпа вкусна храна и вино.

15-idei-za-proletni-ljubovni-sostanoci2-2-03.jpg

5. Одете на утринска прошетка или трчање – ќе се чувствувате прекрасно.

6. Пронајдете интересни рецепти за на скара и поканете ги пријателите во двор или на тераса.

7. Испланирајте го до последен детаљ вашето следно патување.

8. Одете на дегустација на вино во блиска винарија на отворено.

9. Посетете локален пазар и купете си сезонско овошје и зеленчук, а потоа заедно подгответе нешто.

15-idei-za-proletni-ljubovni-sostanoci-05.jpg

10. Гледајте филм на отворено, на тераса или во двор, со многу пернички и кебенце.

15-idei-za-proletni-ljubovni-sostanoci-06.jpg

11. Посетете ја зоолошката градина и сликајте се со животните како кога бевте деца.

12. Доколку се организира во близина, не пропуштајте интересен музички фестивал на отворено.

13. Шетајте во парк и дозволете си секакви слатки задоволства – од сладолед до шеќерна волна.

15-idei-za-proletni-ljubovni-sostanoci-07.jpg

14. Доколку сте „домаќински“ тип на пар, купете си цвеќиња за садење и разубавете ја домашната градина.

15-idei-za-proletni-ljubovni-sostanoci-08.jpg

15. Ако сте спортски настроени, закажете си термин и играјте тенис на убаво време.

15-idei-za-proletni-ljubovni-sostanoci-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Порака до сите љубовници: „Не барајте мир во туѓа неволја и не се лажете дека не сте виновни“ Зошто постојат жени што прифаќаат да бидат нечии љубовници? Зошто веќе не се цен...
Депресивните личности се пронаоѓаат и стапуваат во депресивен брак, со став „ние против светот“ - Но... Кога ќе се сретнат две депресивни личности, кои негативно гледаат на сè, тие доб...
„Дури сега сфаќам дека нема да најдам партнер како него“: Исповеди на луѓе кои се развеле и зажалиле „Бев несреќна и го обвинував бившиот за сè, но и јас бев виновна. Требаше да се ...
8 типови на жени по кои мажите лудуваат Од љубезната девојка во соседството, до мистериозната фатална жена, овие типови ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg