Знаци кои го откриваат вистинското лице на мажот

Колку и потенцијалниот партнер да глуми фин, културен и внимателен дечко, мали сигнали го издаваат дека тоа всушност е маска.

znaci-koi-go-otkrivaat-vistinskoto-lice-na-mazhot-1.png

Постои верување дека џентлмените се одамна изумрен вид. А, во оваа теза е мошне лесно да поверувате, после секое излегување во град.

Дали манирите и убавото однесување, денес се само фарса од врвните манипулатори? За волја на вистината, можно е да се налета и на ретко пристоен и добро воспитан фраер. Меѓутоа, нив е тешко да ги разликувате, бидејќи повеќето само глумат дека се такви.

znaci-koi-go-otkrivaat-vistinskoto-lice-na-mazhot-2.png

За среќа – постои начин навреме да ги „прочитате“ вторите. Ова се знаците кои го откриваат вистинското лице на мажот:

Насила се труди да биде кавалер.

Вистинскиот џентлмен ќе сака да ја плати вечерата и ќе потрча да ви ја отвори вратата од автомобилот. Доколку го одбиете – нема да се налути. Од друга страна, манипулаторот бесно ќе изреагира, затоа што е опседнат со правилата.

Па, ништо чудно и да ве прекори, бидејќи не сте му дозволиле да се покаже дека е кавалер. А, ако навистина е таков, тогаш не би се оптоварувал до толку со самодокажување, зар не?

znaci-koi-go-otkrivaat-vistinskoto-lice-na-mazhot-3.jpg

Претерува со давање комплименти.

На сите жени им годат убавите зборови на нивна сметка. Ама, постои и граница на добриот вкус. Тоа го знае вистинскиот џентлмен, па не претерува со давањето комплименти по секоја цена.

Манипулаторот, пак, до таа мера ќе ве опсипува со слаткоречиви фрази, што дури и ќе ви стане незгодно. Лажните џентлмени и лажните комплименти секогаш доаѓаат во пакет.

znaci-koi-go-otkrivaat-vistinskoto-lice-na-mazhot-4.jpeg

Секогаш бара нешто за возврат.

Нема девојка што барем еднаш не налетала на додворувач, кој си мислел дека таа му e должна, бидејќи тој ѝ ја платил пијачката. Вистинските џентлмени прават убави гестови, затоа што ним природно им доаѓаат.

Манипулаторите очекуваат за нивните „добри“ дела да им биде возвратено. А, честопати само се обидуваат да најдат пат до креветот на жената.

znaci-koi-go-otkrivaat-vistinskoto-lice-na-mazhot-5.jpg

Пристоен е само кон девојката.

Најдобар начин да го препознаете лажниот џентлмен, претставува согледувањето како се однесува кон останатите луѓе, кои за разлика од жената, не се обидува да ги освои.

Манипулаторите неретко се претерано фокусирани на метата, така што забораваат да глумат и пред другите. Ако е прекрасен со вас, а безобразен кон келнерката, само прашање на време е кога ќе го запознаете неговото вистинско лице.

znaci-koi-go-otkrivaat-vistinskoto-lice-na-mazhot-6.jpg

М. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg