Оргазмот е многу повеќе од задоволство - Како влијаат оргазмите врз телото?

Нема потреба да пишуваме за тоа колку оргазмите се добри и за жените и за мажите, без разлика дали се случуваат после состанок или пак, едноставно сте решиле така да го поминете денот.

orgazmite-pravat-mnogu-povekje-za-vas-otkolku-samo-zadovolstvo-1.jpg

Но, освен доброто чувство, оргазмот ја подобрува и целокупната здравствена состојба на телото. Најпрво, за време на оргазмот во организмот се лачи окситоцин, кој ви помага да се ослободите од насобраниот стрес.

Во однос на тоа, многумина дури и мастурбираат за да го одржат здравото ниво на окситоцин, за да се соочат со стресот и да ја намалат анксиозноста.

Но, бенефитите од оргазмот се многу побројни. Еден од примерите е и подоброто спиење. Дури и ако сексот ви одземе добар дел од ноќта, во остатокот можете да бидете сигурни дека квалитетно ќе се наспиете и ќе бидете мирни.

orgazmite-pravat-mnogu-povekje-za-vas-otkolku-samo-zadovolstvo-02.jpg

Многумина мастурбираат пред спиење, токму поради тоа што оргазмот го намалува стресот и делува како природен лек против болки. Исто така, без разлика дали имате секс или мастурбирате, со помош на оргазмите ги намалувате главоболките, а во исто време и сте и смирени и задоволни.

Покрај тоа, постојат и докази дека оргазмот ги подобрува когнитивните функции и целосното ментално здравје. Исто така, неколку студии тврдат дека и луѓето кои редовно уживаат во оргазмите, тежнеат кон тоа да живеат подолго и поквалитетно.

Затоа, сакајте се себе. Пружајте си доволно сексуални задоволства, бидејќи тоа е добро за вас.

orgazmite-pravat-mnogu-povekje-za-vas-otkolku-samo-zadovolstvo-01.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...

Најчитани неделава