Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Ме остави на денот на биопсијата“ - Исповеди за 5 најпеколни раскинувања

„На денот кога мојата пријателка славеше свршувачка тој не дојде и ми пиша порака дека не сака да ме гледа повеќе...“

me-ostavi-na-denot-na-biopsijata-5-najpekolni-raskinuvanja-01.jpg

Разделбите болат, но некои дефинитивно се полоши од другите.

Некои луѓе навистина имаат минато низ пеколни раскинувања.

5 емотивни исповеди:

„Се гледав со момче 10 месеци и одненадеж ми раскина само со објаснувањето „така е најдобро“. Потоа дознав дека сум бремена од него и доживеав спонтан абортус поради тоа што сум имала полово пренослива болест. Испадна дека  ме изневерувал со пријателка која му пренела полово пренослива болест, а тој ми ја пренел на мене.“

„Бевме заедно шест години и јас имав ментални проблеми. Еден месец навистина не се чувствував добро. Па, еден викенд појде на патување со пријателите и никогаш не се врати дома. По 2 дена ми се јави да ми каже дека е готово и ме избриша и блокираше од сите социјални мрежи, иако живеевме заедно и делевме сметки. По 2 седмици дознав дека е во врска со друга девојка и беше фотографиран со неа тогаш кога не се врати од патувањето со пријателите.“

me-ostavi-na-denot-na-biopsijata-5-najpekolni-raskinuvanja-02.jpg

„На денот кога мојата пријателка славеше свршувачка тој не дојде и ми пиша порака дека не сака да ме гледа повеќе. Требаше да го минам цел ден среќна за мојата пријателка, а јас умирав однатре. Потоа дознав дека спиел со некоја со која работел.“

„Беше опседнат со тоа што јадам и постојано ми замеруваше за тежината. Мене ми беше дијагностицирана здравствена состојба поради која имам проблем со тежината, но тој не престануваше со ужасни коментари и на крај ме остави.“

me-ostavi-na-denot-na-biopsijata-5-najpekolni-raskinuvanja-03.jpg

„Ме остави на денот кога требаше да имам биопсија. Јас плачев за време на прегледот, но ѝ кажав на сестрата дека не е затоа што сум исплашена, туку поради тоа што ми го направи. Таа ми кажа дека е вистински кретен, да не се грижам. За среќа, добро сум со здравјето.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...
10 работи што ги прави партнерот кој ве цени и вистински ве сака Си ги признава грешките, ви дава комплименти и секогаш знае како да ве изненади ...
14 потсетници за сингл жените, во пресрет на Денот на вљубените Кога сте сингл, можете целосно да си се посветите на себе – искористете го ова. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg