Не можеш да ја брзаш љубовта, ќе те најде кога ќе бидеш подготвена

ne-mozhesh-da-ja-brzash-ljubovta-kje-te-najde-koga-kje-bidesh-podgotvena-01.jpg

Знам дека е тешко да се биде сингл кога сè што сакаш е да љубиш некој. Разбирам дека си фрустрирана да гледаш како твоите пријатели се во врски, додека ти не можеш да пронајдеш некој за да биде со тебе.

Верувај ми, сум била и јас во таа позиција кога се обидував да ја „натерам“ љубовта да дојде, но едноставно не функционираше.

Тоа е затоа што вистинската љубов е нешто што се случува природно. Без разлика колку многу го сакаш тоа, не можеш да ја брзаш љубовта – таа ќе дојде кога ќе бидеш подготвена.

Не скокај во врски во кои не гледаш иднина. Почекај ја личноста која ќе ти ја разбуди искрата.

Почекај сè додека не почувствуваш дека мажот пред тебе ти е судбина.

Бајките се прекрасни, убави и совршени, но тие се само бајки.

Во вистинскиот живот, врските се тешки и полни со мани. Има кавги, несогласувања и мрачни времиња за двајцата. Секогаш ќе има такви мигови.

Затоа не се смирувај покрај некој што не разбира дека ќе има лоши времиња.

Најважно, одбери да сакаш личност која е свесна колку напор е потребно да се вложи во една врска.

Љубовта е најубавата работа на светот, но не можеш да ја форсираш.

Иако боли срцето од што имаш многу љубов која немаш кому да ја дадеш, мора да почекаш.

Почекај додека љубовта не те пронајде. Верувај тоа ќе се случи кога ќе бидеш подготвена.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg