Љубовни совети од пријателите кои не треба „слепо“ да ги следите

Пријателите можт да ви дадат одлични совети за љубов, сè додека сте свесни дека нивната „мудрост“ има граници. Секој од нас е во уникатна ситуација, а она што е добро за вашиот пријател можеби не е добро за вас.

ljubovni-soveti-od-prijatelite-koi-ne-treba-slepo-da-gi-sledite-3.png

Се разбира, можете да го слушате советот, но немојте да мислите дека нивниот пат е единствениот начин. Со други зборови, ислушајте го советот, но знајте што е најдобро за вас.

Во секој случај, ова се некои општи љубовни совети, кои најчесто се добродушни, но тие всушност можат да ги влошат работите. 

Овие љубовни совети на вашите пријатели не треба да ги слушате по секоја цена:

„Почекај пред да му/ѝ одговориш“

Овој совет веројатно сте го слушнале многу пати. Пријателите често ве советуваат да почекате малку пред да одговорите на порака, за да не делувате очајно. Понекогаш можат да ве советуваат да почекате неколку дена.

Но ако вашата цел е здрава врска, треба да ги избегнувате таквите игри. Одговорете на пораката кога ќе можете, без психолошки игри.

„Не се опуштај премногу“

Иако секој од нас, особено на почетокот на врската, се обидува да изгледа најубаво, не паѓајте во оваа стапица. Не треба да носите нешто што не ви се допаѓа само затоа што е убаво.

Не само што нема да можете да издржите долго, туку, исто така, ќе го спречите партнерот да ја запознае вашата вистинска личност. Бидете она што сте.

„Биди трпелив/а, љубовта сама ќе дојде“

Колку пати сте слушнале од пријателите дека треба да бидете трпеливи и дека вистинскиот или вистинската личност сама ќе дојде?

Тие практично ве советуваат да продолжите да чекате, што не е корисно за некој што е фрустриран или сам. Покрај тоа, ова е лош совет.

Трпението е доблест, но подобро е да се биде активен, кога станува збор за вашиот сопствен љубовен живот, отколку да седите и да ја чекате вистинската личност да ве најде.

Ако вашите пријатели ве советуваат да чекате добро е да го игнорирате тој совет и да се обидете да запознаете некого со проширување на вашиот круг на пријатели. 

ljubovni-soveti-od-prijatelite-koi-ne-treba-slepo-da-gi-sledite-2.png

„Остави го/ја“

Вашите пријатели имаат „надворешен“ поглед на вашата врска и добро е да го слушнете нивното мислење, особено ако постојано ве советуваат да ја раскинете врската.

Но имајте на ум дека е лесно да се сугерира прекин како опција. И нашите пријатели ги прават истите грешки, а причината за ова е што тие често гледаат нешто што е краткорочно добро за вас, а не долгорочно. Тие сакаат да се чувствувате подобро и да бидете среќни.

Оставањето на партнерот поради кој сте моментално повредени или нервозни делува како брз лек. Но доколку вашите пријатели не ја знаат целата приказна, тоа само може да ги влоши работите.

„Не биди толку пребирлив/а“

Доколку им се жалите на пријателите дека не можете да најдете никој, тие ќе ви кажат дека сте премногу пребирливи. Но никогаш не е добра идеја да бидете со некој што не ви одговара, само за да не бидете пребирливи.

„Не покажувај дека си заинтересиран/а“

Да речеме дека сте биле на прекрасен состанок, но вашите пријатели ве советуваат да не покажувате интерес. Размислете двапати.

Бројни истражувања потврдија дека потиснувањето на емоциите не е добро. Ако се однесувате незаинтересирано постои можност да го одбиете потенцијалниот партнер. Ако некој ви се допаѓа покажете го тоа.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg